ULTRA Diesel Bio Power

За зачувување на животната средина


Mеѓу нашите горива од фамилијата ULTRA, дизел горивото ULTRA Diesel Bio Power е предводник во поглед на заштитата на животната средина. Со развојот на ULTRA Diesel Bio Power горивото го направивме следниот чекор во примената на светските трендови и нудиме уште едно современо дизел гориво. При тоа, корист имаат подеднакво, животната средина и возачите. ULTRA Diesel Bio Power горивото содржи 6% дизел гориво произведено од висококвалитетно растително масло, додека останатите 94% ги сочинува нашето кристално чисто ULTRA Diesel Power Power гориво. На овој начин, на македонскиот пазар нудиме гориво со состав идентичен со дизел горивото што го пропишува ЕУ со цел да се зголеми уделот на енергија од обновливи извори.

Покрај тоа што со примената на ULTRA Diesel Bio Power горивото се постигнува уште поголема заштита на животната средина, корист има и самиот автомобилски мотор. Биодизел компонентата во составот на ULTRA Diesel Bio Power  горивото поседува висока способност за подмачкување. Покрај тоа, повисоката цетанска вредност од стандардниот дизел овозможува моторот да работи помирно и потивко, додека детергентските својства на горивото се грижат моторот да остане чист, без создавање талози.

Искористете ги веднаш предностите на нашето ULTRA Diesel Bio Power гориво:

Feature
Висока мазивна способност на горивото за подобра заштита од абење и механички оштетувања на системите за довод на гориво.
Feature
Високиот цетански број придонесува за помирна и потивка работа.
Feature
Присуството на биодизел ја зголемува содржината на кислород во горивото, што води кон почисто согорување во интерес на животната средина и зачувување на беспрекорната техничка состојба на возилото.

Квалитетот на биодизел компонентата, што влегува во состав на оваа смеса, е во согласност со најновиот европски и македонски стандард за квалитет на автомобилско биодизел гориво МКС ЕН 14214, додека Еуродизел БС горивото е во согласност со најновиот европски и македонски стандард за квалитет на дизел гориво МКС ЕН 590. ULTRA Diesel Bio Power горивото ги задоволува EURO V емисионите норми, односно максимално дозволените содржини на штетни материи во издувните гасови.