ULTRA 95+ Economy

За штедливост и подобра заштита на моторот


Моторниот бензин ULTRA 95+ Economy е погонско гориво со висок квалитет и грижливо компониран состав. Наменето е за широкиот возен парк од понови и постари генерации на возила со бензински мотор. Намалената потрошувачка на гориво при возењето со задржување на перформансите на моторот претставуваa претставуваа едни од главните цели при развојот на нашиот моторен бензин ULTRA 95+ Economy. Со примена на специјалниот пакет на адитиви во составот на горивото се постигнува подобро согорување и искористување на горивото, што е предуслов за намалена потрошувачка на гориво при работата на моторот.

Присуството на специјалниот пакет адитиви во ULTRA 95+ Economy се грижи и за отстранување на талозите во системот за впрскување на гориво и го спречува создавањето нови талози. На тој начин, горивото се распрскува подобро и согорува поцелосно и обезбедува моторот да ја постигне полната моќност и ефикасност. Уште еден фактор придонесува за намалената потрошувачка на гориво при возењето со ULTRA 95+ Economy горивото, што ќе ја почувствувате уште од првото полнење. Имено, моторните горива од фамилијата ULTRA поседуваат својство на подмачкување на критичните и потешко достапните подрачја во моторот, во коишто моторните масла не можат да дејствуваат ефикасно. Тоа овозможува полесно движење на деловите во моторот, со што се обезбедува поголема кинетичка енергија за погонот на тркалата.

Почувствувајте ги веднаш придобивките од користењето на ULTRA 95+ Economy во Вашето возило:

Feature
Намалена потрошувачка поради подоброто распрскување и поцелосното согорување на горивото.
Feature
Заштита на подвижните делови во моторот од создавање талози и отстранување на постоечките талози, коишто можат да предизвикаат намалување на моќноста на моторот.
Feature
Подобри перформанси, благодарение на создавањето подмачкувачки слој на критичните делови во моторот, за тие да се движат полесно и повеќе енергија да се искористи за погон на тркалата.
Feature
Потивка работа на моторот, помалку вибрации и продолжен век на траење на моторот поради заштитата од корозија.
Feature
Заштита на системот за третман на издувните гасови со што се намалува загадувањето на животната средина и пониска емисија на неразградливи честички.
Feature
Одржување на чистотата во моторот, поради подобро распрскување на горивото и негово поцелосно согорување, што исто така придонесува за намалување на потрошувачката на гориво. Намалена емисија на штетни гасови и честички, за подобра заштита на животната средина

Квалитетот на ULTRA 95+ Economy горивото е целосно во согласност со европскиот и македонски стандард за квалитет на безоловните бензини МКС ЕН 228, како и важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М.



Помалку талог на вентилите

Заштита од корозија

Подобри распрскувачки својства