Заштита од пожари и експлозии

Заштита од пожари и експлозии


„Макпетрол“ АД - Скопје како компанија која за основна дејност има трговија на мало и големо со нафтени деривати и придава голема важност на заштитата од пожари и од експлозии.

Заштитата од пожари и експлозии се планира, организира и се спроведува во сите средини, во сите објекти и на сите места, во сите организациони единици на „Макпетрол“ АД – Скопје, со превентивни и со оперативни мерки.

„Макпетрол“ АД – Скопје, во делот на заштитата од пожари и експлозии, особено ги врши следниве работи:

  • го контролира спроведувањето на прописите и на мерките за заштита од пожари и експлозии утврдени со закон и прописите донесени врз основа на закон, како и прописите и мерките донесени со општите акти на Друштвото;
  • го следи донесувањето нови закони, како и измените и дополнувањата на постојните закони, техничките прописи и стандардите од областа на заштитата од пожари и експлозии и предлага нивна имплементација;
  • организира и спроведува стручно оспособување и проверка на знаењето на работниците кои работат на складирање и дејствата сврзани со складирањето запаливи течности и гасови;
  • организира и спроведува стручно оспособување од областа на товарење или истовар или други постапки во врска со товарењето или истоварот (наточување, претовар, преточување, источување,чување) на опасни материи;
  • подготвува нови и ги ажурира постојните упатства за работа од аспект на заштита од пожари и експлозии;
  • организира и спроведува функционални проби на стабилните системи за заштита од пожари и експлозии;
  • организира и спроведува тактичко показни вежби за гаснење пожари за вработените во „Макпетрол“ АД – Скопје;
  • ги организира, во законски определените рокови, редовните и вонредните прегледи и испитувања на Системите за автоматско откривање и јавување пожари, Системите за откривање и за мерење концентрации на експлозивни смеси и Системите за заштита од пожари (гаснење и ладење);
  • ги организира, во законски определените рокови, редовните и вонредните прегледи и испитувања на уредите, инсталациите, опремата и на средствата за гаснење пожари;
  • соработува со надлежните инспекциски служби за заштита и за спасување, со територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва и со професионалните противпожарни единици од соседните правни лица, заради подобрување на заштитата од пожари и експлозии во Друштвото;
  • поставува знаци за предупредување и за забрана во објектите во коишто се произведуваат, преработуваат, складираат и се користат запаливи течности и гасови и т.н.

Бензинските станици на „Макпетрол“ АД – Скопје имаат на видно место истакнати упатства за постапката во случај на пожар и во случај на неконтролирано истекување течен нафтен гас.

Согласно со Законот за заштита и спасување, „Макпетрол“ АД - Скопје во периодот октомври, ноември и декември 2014 година организираше обука на Просторните сили за заштита и спасување од Планот за заштита и за спасување на „Макпетрол“ АД - Скопје. Обуката ја спроведе центарот за обука при Дирекцијата за заштита и за спасување на РМ во соработка со „Макпетрол“ АД – Скопје. Со обуката беа опфатени сите организациони единици во „Макпетрол“ АД – Скопје. Центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување на РМ при реализацијата на оваа обука утврди високо ниво на обученост и спремност на припадниците на просторните сили (Штабот и Просторните сили за заштита и спасување) на „Макпетрол“ АД – Скопје.

Исто така, согласно со законската регулатива на РМ „Макпетрол“ АД - Скопје во соработка со центарот за обука при Дирекцијата за заштита и спасување на РМ на 30.6.2015 година спроведе симулациска вежба за евакуација на вработените и на посетителите во случај на пожар во просториите на Административно управната зграда на „Макпетрол“ АД – Скопје.

Според Правилникот за организација и за систематизација на работните места во „Макпетрол“ АД – Скопје, работите од областа на заштитата од пожари и експлозии ги врши Секторот за безбедност.

Секторот за безбедност е централна служба во „Макпетрол“ АД – Скопје и истата е организирана и функционира во рамките на Дирекцијата големопродажба.