Трибина на идеи

Трибина на идеи


Динамичниот развој на сите дејности на Макпетрол, налага неопходност од постојано воведување новитети и подобрувања во оперативното делување. Затоа, ние ги поттикнуваме нашите вработени, преку нивното работно ангажирање и искуство, да предлагаат идеи за подобрување на работните процеси. Секогаш прифаќаме и воведуваме мерки за оптимизација при користењето ресурси, како и мерки за унапредување на заштитата на животната средина. Истото се однесува на проектите за имплементација на нови технички достигнувања, и воопшто, секаков вид предлози што имаат цел да постигнат зголемување на ефикасноста во делувањето на нашата Компанија.

На тој начин, нашите вработени се надградуваат себеси, но и целата компанија. Ние особено го цениме иновацискиот потенцијал на вработените и ја воведовме трибината на идеи. Секоја иновација што води кон зголемување на ефикасноста во кое било од оперативните подрачја на компанијата, соодветно се наградува. Поттикнувањето на способноста за иновирање и оптимизација преку трибината на идеи наиде на одлична прифатеност кај нашите вработени и бележиме постојано зголемување на бројот на предлози, како и на квалитетот и ефикасноста во нивната имплементација.

Компанијата е особено посветена кон воведувањето на идеите на вработените што обезбедуваат унапредување на оперативното работење. Тие водат кон создавање на поусовршени производи и услуги, зголемување на задоволството на корисниците и на крај, го креираат успешниот општествен имиџ на Макпетрол.