ЗА ДОМА

Квалитетот на горивата на Макпетрол, достапен и за Вашиот дом


Докажаниот квалитет на горивата на МАКПЕТРОЛ АД е достапен и за Вашиот дом или работен простор, преку нашата комплетна понуда на горива за домаќинство, независно дали станува збор за екстра лесното масло ЕЛ – 1, течниот нафтен гас за домаќинство или за еколошките и ефикасни пелети. Сите овие горива се произведени и се дистрибуираат според важечките македонски и европски стандарди.

Преку примената на специјални адитиви во нивниот состав, овие горива за домаќинството ги поседуваат заедничките предности на целата фамилија горива на МАКПЕТРОЛ АД: Зголемена енергетска ефикасност и степен на искористливост.

Кога станува збор за покривање на личните енергетски потреби, тука повторно се нашите Меџик Маркети, со богат избор на кондиторски производи, освежителни пијалоци и сезонски специјалитети.