Екстра лесно ЕL - 1

Енергенс наменет за индустриска употреба


Енергенс наменет за добивање топлина во домаќинствата, односно во инсталации што не се опремени со системи за предгреење на горивото.

Според својот квалитет одговара на македонскиот стандард за квалитет на масла за горење МКС Б.Х2.430. Ниската содржина на сулфур од максимум 0,1% (m/m) овозможува користење на истото во градски и урбани средини без опасност од зголемување на штетните издувни гасови.Дополнителното адитивирање на овој вид гориво, што се врши од страна на ,,Макпетрол” АД со повеќенаменски, висококвалитетен адитив од реномиран производител, обезбедува дополнителни бенифиции на потрошувачите, како што се: подобро согорување, а со тоа и зголемена енергетска искористеност на горивото, намалување на потрошувачката, како и подобрена точка на течење т.е. полесна употреба во зимски услови при ниски температури.

Повеќе информации за продуктот

Основни податоци за производот