Темелни Вредности

Темелни Вредности


Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели нашата лидерска позиција на пазарот на нафтени деривати во Република Македонија.

Нашата компанија јасно ги идентификува потребите на нашите клиенти и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати.

Нашата компанија се фокусира доследно да ги следи највисоките стандарди за безбедност и да обезбедиме секој работник да биде заштитен.

Нашата компанија нуди одлични услуги преку тимска работа, искуство, одговорност и иновативност, што се рефлектира во квалитетот на нашите резултати.

Нашата компанија постојано е во потрага на нови и иницијативни насоки во технологии, процеси и слично се со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти па и да ги надминеме нивните очекувања.

Стратешките цели што ги одредува нашиот врвен менаџерски тим се реализираат преку стручност, искуство и залагање на целиот наш работен персонал, во насока на постигнување на крајната цел, а тоа е задоволството и довербата на нашите потрошувачи.

  • Мрежа од 126 бензински станици и мрежа на складови;
  • Сопствен бренд на горива и масла;
  • Сопствен возен парк со најсовремена генерација автоцистерни;
  • Сопствени алтернативни горива: Биодизел Б6;
  • Примена на информатички базирани технички системи;
  • Систем за квалитет : Сопствена лабораторија за горива;
  • Систем за човечки ресурси: Постојано учење;
  • Меѓународна активност: World petroleum Council, International Gas Union, International Fuel Quality Center, Crans Montana Forum, World Congress of Entrepreneurs;
  • Општествена одговорност: Животна средина и хуманитарни акции.