Природен гас

Природен гас


Природниот гас, под популарно име „сино гориво“, претставува стратешки енергенс на сегашноста и блиската иднина поради неговите карактеристики што го прават супериорен во однос на другите видови енергија.

„Макпетрол“ прв инвестираше во изградбата на Гасоводот во Македонија што се протега од бугарската граница до Скопје, со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Врз база на договор меѓу „Макпетрол“ А.Д и Владата на Република Македонија, е формирано Акционерско друштво „ГА-МА“ за пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас.

„Макпетрол“ е инвеститор на станица за компримиран природен гас во кругот на ЈСП Скопје што служи за полнење на автобусите. Максималниот капацитет на постројката изнесува стотина автобуси за седум до осум часа.

Врз база на тоа искуство „Макпетрол“ самостојно инвестира во проекти за проширување на примената на компримиран природен гас под назив метан и за други комерцијални возила на територијата на РМ.