Global Compact


Макпетрол АД го базира пристапот кон својот одржлив развој врз принципите на транспарентност и напредок. Во 2004 година, преку Global Compact на Обединетите нации, се обврза да ги поддржува и да ги претвори во закони десетте принципи за човекови права, работничките права, човековата средина и борбата против корупцијата.

Со оваа порака ние ја изразуваме нашата намера да ги поддржиме и да ги унапредиме тие принципи во рамките на нашата област на дејстување. Се обврзуваме да го направиме Global Compact и неговите принципи дел од нашата стратегија, култура и секојдневната работа на нашата Компанија и се обврзуваме јасно да ја искажеме нашата заложба на нашите вработени, партнери, клиенти и на јавноста. Ја поддржуваме јавната одговорност и транспарентност и ќе ја известуваме јавност за направениот напредок.

Десетте начела на UN Global Compact во областа на човечките права, работната сила, екологијата и антикорупцијата се универзално прифатени и потекнуваат од:

  • Универзалната декларација на човековите права
  • Декларацијата за основните начела и права на работното место на Меѓународната организација за работна сила
  • Декларацијата од Рио за екологијата и развојот
  • Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата
UN Global Compact бара од компаниите да прифатат, поддржат и да имплементираат, во рамките на нивното влијание, група основни вредности во областа на човековите права, стандардите за работна сила, екологијата и антикорупцијата.

https://www.unglobalcompact.org/participation/report/cop/create-and-submit/detail/4320

Човекови права

Начело 1: Деловните субјекти треба да ја поддржат и да ја почитуваат заштитата на меѓународно утврдените човекови права;
Начело 2: Да не бидат инволвирани во злоупотреби на човековите права.

Работна сила

Начело 3: Деловните субјекти треба да ја поддржат слободата на здружување и да го признаат правото за колективна спогодба;
Начело 4: Елиминација на сите форми на присилна и принудна работа;
Начело 5: Ефикасно укинување на детската работна сила; и
Начело 6: Елиминација на дискриминација во однос на вработување и занимање.

Екологија


Начело 7: Деловните субјекти треба да имаат претпазлив пристап до еколошките предизвици;
Начело 8: Да преземат иницијативи за промовирање поголема еколошка одговорност; и
Начело 9: Да ги стимулираат развојот и распространувањето на еколошките технологии.

Антикорупција


Начело 10: Деловните субјекти треба да се борат против корупцијата во сите нејзини форми, вклучувајќи изнудување и поткуп.