Лабораторија

Лабораторија


Лабораторијата на „Макпетрол“ АД е независна лабораторија за тестирање на нафтените деривати и биодизел, и работи во согласност со стандардот MKS EN ISO/IEC 17025. 

Испитувањата ги врши во согласност со стандардни меѓународни, европски и национални методи за тестирање: ISO, EN, ASTM, IP, MKS итн. 

Раководството на Лабораторијата има јасно дефинирана политика за квалитетот, чија основна цел е да обезбеди квалитет на резултатите од лабораториските тестирања што ги исполнуваат и ги надминуваат барањата на корисниците.

Квалитетот на лабораториските услуги се постигнува со контрола на квалитетот во сите аспекти на лабораториското работење, а преку учество во меѓулабораториски споредби (Proficiency Testing) се обезбедува оценка за лабораториската изведба, професионалност и компетентност.


Во 2005 лабораторијата беше акредитирана од UKAS (United Kingdom Accreditation Service), а во 2006 од ИАРМ (Институт за акредитација на Република Македонија) за тестирање на нафтени деривати во согласност со стандардот MKS EN ISO/IEC 17025. Откако ИАРМ го потпиша Договорот за мултилатерално признавање на акредитациите за областите тестирање, калибрација и инспекција (ILAC-MLA) со Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC), во 2013 година UKAS ја повлече акредитацијата во согласност со правилата за меѓународна акредитација.

Лабораторијата има квалификуван и обучен персонал и располага со опрема за тестирање што е во согласност со стандардните тест методи за нафтени деривати, биодизел и антифриз, и тоа:

  • Бензин
  • Дизел
  • Биодизел
  • ЈЕТ-А1
  • Авиобензин
  • Мазут
  • ЕЛ
  • Масла
  • ТНГ
  • Антифриз


Испитувањата се изведуваат според стандардни и интерно развиени методи. Притоа се користат следниве инструментални техники и методи:

  • Хроматографија (ГС)
  • Спектрометрија (ФТИР, ААС, ИСП)
  • Рендгенска флуоресценција
  • УВ флуоресценција
  • Флуоресцентна индикаторска апсорпција
  • Потенциометрија
  • Кулометрија
  • Други физичко-хемиски мерења и испитувања


Непристрасноста и незвисноста при тестирањето, како и работењето според највисоките етички стандарди, притоа запазувајќи ги основните правила на деловност во сите ситуации, одржување висок професионализам, чесност и доверба, се основните начела во работењето на Лабораторијата на „Макпетрол“ АД. Овој принцип на работење подеднакво се применува за секој корисник којшто бара услуги за тестирање.