Шпедиција

Шпедиција


Во состав на ,,Макпетрол” А.Д. успешно функционира Центарот за шпедиција, којшто во изминатиов период бележи континуиран развој. Центарот за шпедиција е цертифициран според ИСО 9001:2000 и е член на групацијата на меѓународни шпедитери на Република Македонија. Со своето долгогодишно искуство и кадровска екипираност нуди квалитетна услуга, брзина, одговорност и доследност.


СЕКТОР ЗА ТРАНСПОРТНА ЛОГИСТИКА:

  • Ги реализира сите фази на движење на стоката помеѓу испраќачот и примачот;
  • Камионски, железнички, бродски и авионски транспорт;
  • Логистички пакети – планирање, реализација и контрола;
  • Осигурување на стоката;


СЕКТОР ЗА ЦАРИНСКИ РАБОТИ:

  • Сите царински постапки со стручно обучени лиценцирани застапници;
  • Испостави во Скопје и на граничниот премин Богородица (Гевгелија);
  • Совети за примена на царинските прописи;
  • Банкарска гаранција во царинските постапки;
  • Јавен царински склад и ППЧ со поедноставени постапки овластен примач и испраќач;


СКЛАДИШЕН ПРОСТОР:

Складот Лисиче располага со површина од 65.000м2. Тој е составен од Јавен царински склад и Просторија за привремено чување од 1.500м2, затворен складишен простор од 8.500м2 и отворен складишен простор од 55.000м2. Складот поседува средства за манипулација, искусна работна сила и работи според потребите на коминтентите. Складот Лисиче е поврзан со директен железничко – индустриски колосек со капацитет од 2 x 10 вагони. Има камионска вага од 50 тони. Целокупната површина на Складот е под 24 часовен мониторинг.