Крводарители


Друштвото на крводарители на „Макпетрол” постои од 1976 година и за овој период, како хуманитарно друштво, покажа посебни резултати во дарувањето крв, што се гледаат во секоја акција што ја организираме во Управната зграда, а на која крв даруваат по 70-80 крводарители. Покрај ова, не може, а да не се истакне и придонесот на Друштвото во ситуации кога на наши вработени им е потребна крв при разни хируршки интервенции, па преку Друштвото обезбедуваме доволни количества крв како со интервенција во Заводот за трансфузиологија од една, така и, ако е потребно, моментално дарување крв на членови од нашето Друштво од друга страна.

Во текот на годината Друштвото организира три крводарителни акции, и тоа во февруари - март, во јуни - јули и во ноември-декември.

Друштвото учествува на повеќе крводарителни другарувања што ги организираат другите друштва на крводарители каде што присуствуваат по 10 - 15 крводарители од нашето друштво.

На Денот на крводарителите-17. март и пред секоја нова година се организираат крводарителни другарувања, на кои учествуваат крводарители од сите организации и друштва од градот и од внатрешноста, а на истите од нашето друштво учествуваат 50-60 крводарители.

Сите овие активности не би можело успешно да се извршуваат, до колку Друштвото финансиски не е помогнато од Управниот одбор на „Макпетрол” А.Д. Скопје, за што сме многу благодарни