ЗА БИЗНИС

Макпетрол - Ваш сигурен бизнис партнер


Повеќедецениското искуство, врвната професионална и работната посветеност на нашиот менаџерски и оперативен тим се темелите врз коишто МАКПЕТРОЛ ја гради својата позиција на сигурен партнер за Вашиот бизнис. Како најголема приватна компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија, располагаме со разгранета мрежа од 124 модерни бензински станици и 10 склада за нафтени деривати, позиционирани низ целата територија на Републиката.

Како лидер на македонскиот пазар во изминативе седум децении, секогаш сме посветени кон задоволување на барањата и интересите на нашите клиенти. Основна дејност на МАКПЕТРОЛ е трговија на мало и големо со нафта, нафтени деривати, природен гас и биодизел. Преку нашата продажна и услужна мрежа, на нашите корисници им нудиме широк дијапазон на продукти и услуги, почнувајќи од производи наменети за возилата, па се до потребните производи за домот.

МАКПЕТРОЛ поседува сопствена фабрика за производство на биодизел и е носител во процесот на снабдување и трговија со природен гас во Република Македонија. Со тоа природниот гас и биодизелот, како алтернативни горива во патничкиот и транспортниот сообраќај се веќе достапни на бензинските станици на МАКПЕТРОЛ. Истовремено интензивно работиме на развојот на нови видови горива и производи според најстрогите европски норми за квалитет.

Квалитетот на нашите горива перманентно се следи од страна на сопствена лабораторија во која се имплементирани сите потребни стандарди. Лабораторијата поседува меѓународна акредитација и е единствена во регионот чии резултати од тестирањата се меѓународно признати.

МАКПЕТРОЛ создаде услови за своја сертификација на системот на управување со квалитет, ISO 9001:2000, системот за управување со животна средина, ISO 14001:2004 и системот за управување со безбедност на информации, ISO 27001:2014.

Kомандитно друштво ОИЛКО, формирано од страна на МАКПЕТРОЛ се бави со транспорт и дистрибуција на нафта и нафтени деривати. Друштвото ОИЛКО е опремено со наjмодерни транспортни возила и цистерни. На македонскиот пазар МАКПЕТРОЛ учествува со комплетната програма на повеќе реномирани брендови, меѓу кои се и Honda, Good Year i Dell.

Своите интернационални активности МАКПЕТРОЛ ги извршува преку учество и членство во Word Petroleum Council, International Gas Union, UN Global Compact, Crans Montana Forum и други.