Автоперални

Автоперални


Голем број задоволни клиенти на Макпетрол редовно ги користат и услугите на автопералните што работат во рамките на нашите бензински станици. Во автопералните ви нудиме програми за миење кои го зачувуваат и го негуваат лакот на каросеријата, овозможувајќи на тој начин подолготрајно задржување на естетската вредност на возилото. 

Автопералната ги задоволува строгите барања за заштита на возилото од прекумерен притисок на вода и механички оптоварувања врз додатоците на каросеријата. 

На тој начин, Вашето возило ќе биде совршено чисто и сјајно, без остатоци врз лакот по миењето и заштитено од штетни временски влијанија.