Права за користење


Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, „Макпетрол“ ќе се залага за достапност на својата интернет-страница 24 часа во текот на денот.

Во случај на привремена недостапност, односно прекин на интернет- страницата, поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на „Макпетрол“, не преземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет-страницата на „Макпетрол“ се од информативен карактер и за истите „Макпетрол“ го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот „Интернет, доколку не е предвидено поинаку во согласност со позитивните прописи во Република Македонија, „Макпетрол“ не презема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет-страницата на „Макпетрол“ е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за каква било злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди интернет-страницата на „Макпетрол“