Пневматици

Пневматици


Како долгогодишен увозник на пневматиците од познатиот производител Goodyear, Макпетрол ви ја нуди целосната програма од летни и зимски пневматици, за сите видови возила и за сите барања на возачите. Нашите искусни и обучени специјалисти со задоволство ќе ве советуваат при изборот на вистинските пневматици за Вашето возило и за Вашите потреби, ќе ви ги појаснат детално сите ознаки што се наоѓаат на пневматиците и ќе Ви помогнат со понуда што одговара на Вашиот буџет за набавка на пневматици. 
 
Сите потребни информации за пневматиците од понудата на Goodyear во мрежата на Макпетрол можете да ги добиете со повик на телефонските броеви 02 3090 707, 02 3090 709, 02 2462 123 или директно во продажниот салон на центарот Хонда.