Адблу

Адблу


Адблу претставува течност која се користи во тешките моторни возила опремени со дизел мотор чии систем за третман на издувните гасови работи на принципот на Селективна каталитичка редукција (SCR - Selective Catalytic Reduction). Оваа течност има за цел да овозможи исполнување на најрестриктивните Европски норми на EURO V и EURO VI  емисија на штетни издувни гасови - азотните оксиди (NOX) преку нивна конверзија во безопасни соединенија  за човекот и околината како што се азот (N2) и вода (H2O).

Возилата кои се опремени со овој SCR систем имаат посебен резервоар во своето возило кое се полни соАдблу течност која при нормалниот режин на работа на возилото преку посебен систем се инјектира во издувниот систем на возилото каде преку низа на верижни реакции врши хемиска претворба на штетните азотни оксиди во безопасни соединенија (азот и вода).

Во зависност од видот на возилото, условите на неговото користење како и од условите на патот потрошувачката на Адблу течноста можно е да варира и се движи во распон од 2-6 vol% во однос на потрошувачката на дизел гориво  т.е. 2-6 литри Адблу течност на 100 литри потрошено дизел гориво.

Во случај доколку се потроши или корисникот на возилото го користи своето возило без присуство наАдблу течност во резервоарот, а со оглед на тоа дека сите модерни мотори се проектирани за емисија на штетни гасови согласно важечките европски норми, сензорите за штетни гасови во системот за третман на издувни гасови ќе детектираат зголемена емисија на штетни издувни гасови и преку електронскиот контролен систем на возилото ќе ја намалат силата на моторот т.е. моторот ќе работи со намалена моќност. Адблу сензорот за ниво на оваа течност на информативната табла во кабината на возачот ќе му укаже на возачот за потребата на дополнување на резервоарот со Адблу . Овие проблеми се надминуваат со полнење на резервоарот со Адблу течност.

Адблу течноста која се дистрибуира на малопродажните објекти на Макпетрол АД е производ на реномираниот европски производител BRENNTAG. Течноста е  пакувана и складирана во строго контролиран систем за контрола на квалитетот на секој од овие процеси поединечно, со што се овозможува гаранција за висок квалитет на Адблу течноста согласно меѓународниот стандард ISO 22241-1:2006. Ова е од особена важност, затоа што доколку течноста која се користи за оваа намена е со непроверено потекло и квалитет, или пак поради несоодветно чување или транспорт дојде до контаминирање на течноста,  можно е оштетување на скапиот SCR систем за третман на издувните гасови, што би значело дополнителни трошоци за одржување и сервис на возилото.

Повеќе информации за продуктот

Основни податоци за производот