Кариера во Макпетрол

Кариера во Макпетрол


Како водечка компанија во дистрибуцијата на нафта и нафтени производи на македонскиот пазар, ние нудиме многу повеќе од обична шанса за кариера. Со деловни активности и широк дијапазон на работни подрачја и близу 70-годишна историја на континуиран успех, нудиме динамична средина за работа и одлични професионални перспективи за нашите вработени. Ние се залагаме за воспоставување на пријатна работна средина и отворена комуникација за ефикасно организирање на работните процеси. Ги мотивираме нашите вработени и им овозможуваме самостојно, но и одговорно извршување на работните задолженија. 

Како компанија што е активна во подрачјата што бележат постојан и интензивен развој, потребни ни се визии на луѓе богати со идеи и висока мотивација. Поседувате високо ниво на посветеност, ефикасност и флексибилност? Претставете ни ги Вашите можности и со нас продолжете да ја градите Вашата кериера. Информирајте се за нашите актуелни работни конкурси.