ULTRA 100 Race Pro

За зголемена моќ и подобри перформанси


Високооктанскиот моторен бензин ULTRA 100 Race Pro го развивме специјално за автомобили и мотоцикли со мотори со високи перформанси и современи погонски технологии што имаат потреба од соодветно гориво со повисока октанска вредност и најсовремени адитиви. На тој начин се овозможува целосно искористување на моќноста на моторот и неговите технолошки предности. Обемните тестирања при развојот на бензинот ULTRA 100 Race Pro докажаа дека со неговото користење се отстрануваат постоечките талози и се спречува создавањето нови талози во системот за впрскување на горивото и во коморите за согорување.

Високата октанска вредност на ULTRA 100 Race Pro обезбедува контролирано согорување на работната смеша во сите услови на користење, без појава на несакано самозапалување во коморите за согорување, што може да го оштети моторот. Притоа, поради ефикасното согорување на горивото, се намалува и потрошувачката на гориво. Со примената на специјални адитиви во составот на моторниот бензин ULTRA 100 Race Pro се постигнува помирна и потивка работа на моторот, помало присуство на штетни материи во издувните гасови, полесно движење на деловите во моторот, а со тоа и зголемена трајност на моторот.

Со користењето на ULTRA 100 Race Pro постигнувате:

Feature
Намалена потрошувачка на гориво преку дејствувањето на средствата против создавање талози и отстранување на постоечките талози во моторот. На тој начин се овозможува прецизно дозирање на горивото и правилно распрскување и согорување на смешата.
Feature
Намалени отпори на триење меѓу деловите во моторот што доаѓаат во допир со горивото, со што се овозожува моторот да ја користи полната моќност, односно да ги постигне очекуваните максимални перформанси.
Feature
Потивка и помирна работа на моторот, поради подоброто подмачкување на деловите во моторот што се во допир со горивото и подобрата заштита од корозија.
Feature
Заштита на системот за третман на издувните гасови со што се намалува загадувањето на животната средина и пониска емисија на неразградливи честички.
Feature
Сето ова овозможува поголемо задоволство во возењето, затоа што моторот побрзо реагира на наредбите на возачот и ја обезбедува бараната моќност во секое подрачје на вртежи, а воедно е овозможен продолжен работен век на моторот и возилото, односно заштита на вредноста на почетната инвестицијата на возилото.
Feature
Одржување на чистотата во моторот, поради подобро распрскување на горивото и негово поцелосно согорување, што исто така придонесува за намалување на потрошувачката на гориво. Намалена емисија на штетни гасови и честички, за подобра заштита на животната средина

Помалку талог на вентилите

Заштита од корозија

Подобри распрскувачки својства