Масла за менувачи


Моторите денес располагаат со висока моќност и со голем вртежен момент, што претставува предизвик и за менувачите и преносните системи кои треба оваа моќ да ја спроведат до погонските тркала. Сето тоа условува користење квалитетни масла за менувачи, со долги рокови на експлоатација, изработени според најстроги стандарди. Нашата понуда во ова подрачје на средства за подмачкување Lubex покрива масла за механички, автоматски и полуавтоматски менувачи, за патнички и товарни возила, градежни машини, како и хидраулични серво системи за управување и хидраулични спојки. Маслата за менувачи Gear EP 90 и ATF Type A овозможуваат лесна и мека промена на степените на пренос, нудат одлична заштита од абење, висока стабилност на топлина и оксидација, како и добра подносливост со сите видови материјали.

GEAR EP 90

Хипоидно, висококвалитетно масло наменето за подмачкување на механички менувач...

ATF TYPE A SUFIX A

АТФ маслото е наменето за подмачкување на полуавтоматските и автоматските мену...

Gear Synt SAE 75W90

Хипоидно, висококвалитетно масло наменето за подмачкување на механички менувач...