„Макпетрол“ АД Скопје како општествено одговорна компанија донираше 1.000 таблети


„Макпетрол“ АД Скопје како општествено одговорна компанија, донираше 1.000 таблети, за учениците во 20 основни училишта ширум државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, се со цел истата да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна оваа пандемија, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција.

„Макпетрол“ АД Скопје им посакува успешна школска година на учениците со надеж дека откривањето на нови хоризонти и во овие непредвидливи времиња ќе им ги исполни деновите со надеж и желба за уште поголемо знаење.