Макпетрол АД со донација за Универзитетска клиника


Макпетрол АД со донација за Универзитетска клиника за хируршки болести "Свети Наум Охридски", продолжува да помага во здравствениот систем

 

Макпетрол АД во изминатиот период реализираше низа на активности со цел потпомагање на здравствениот сектор во нашата држава и полесно справување со пандемијата од COVID-19 вирусот, донирајќи соодветна медицинска опрема, како и ставање на располагање на хотелот Макпетрол во Маврово, кој служи како државен карантин за граѓаните кои се вратија од странство во својата татковина.

Но тука не застануваат активностите на Макпетрол АД. Како општествено одговорна компанија Макпетрол АД, во соработка со клиниката, донира две паралелни сензорски врати на влезот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Со нивното поставување е оформен изолаторен дел помеѓу нив во кој ќе се врши адекватна подготовка за преглед и прием на пациенти, со мерење на температура и земање на епидемиолошка анкета, со што ќе се зголеми заштитата од пренесување на вирусот на пациентите и вработените.