Одржан меморијалниот турнир „Гаврило Гаврилски“


Под покровителство на МАКПЕТРОЛ АД, а во организација на кугларскиот клуб „Макпетрол“, на 14 декември беше одржан традиционалниот меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“.  На турнирот, 25-ти по ред, зедоа учество екипите на КК „Макпетрол“ - Скопје, „ЗП Спорт“ - Подбрезова од Република Словачка, „Борац“ - Бања Лука од Република Српска и екипата на „Црвена Звезда“ од Београд. Во екипното натпреварување првото место го освои екипата на „Борац“, второто место припадна на екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова од Словачка, третото место го освои КК „Макпетрол “и на крај на четвртото место се пласира екипата на„Црвена Звезда“. Во поединечниот натпреварувачки дел првото место го освои Марко Тркља од екипата на „Борац“, втор беше Даниел Тепса додека третото место му припадна на Марек Стефанчик двајцата од екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова.