Миџор - март 2006 (...продолжува...)
<претходен дел - искачување на Миџор>
Долу средба со другите, честитки, гушкања и вест дека помалото кученце веќе е закопано во снегот, бидејќи не мрдало воопшто и не давало знаци на живот и затоа дел од екипата се тажни.
По истиот пат назад, врвот уште во облак, а долу веќе потопло и помирно време и сите полека се одмрзнуваат.
Во 15:45 сме во домот па следи заедничка фотографија /и тага кај друг планинар за загубениот цепин некаде горе и никој од нас да не го забележи/ со врвот во позадина, распакување, средување во топлиот дом, па организиран ручек /топла супа, цвекло салата, домашно лепче, мусака со јајца и месо и многу Јагодинско пивце/.
Одмор, средување впечатоци, размена на искуства, размислувања и заклучок: НЕ ПОТЦЕНУВАЈ НИЕДЕН ВРВ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ НИКОГАШ, АКО САКАШ ПАК ДА ОДИШ И ИСКАЧУВАШ ВРВОВИ.
Цела вечер дружење и околу 22:30 на спиење, а некои останаа уште во бифето со музика и песни од ТВ.
<понатаму - враќање дома >
|