Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Миџор - март 2006 (...продолжува...)

<претходен дел - враќање од врвот>

Облачно утро на 05.03., па пакување, доручек и подготовка за назад по познатиот пат но во денско светло и удолу, бидејќи патот е веќе 100% завеан од ветрот дури и за Пинцгауерот. Тогаш сфатив по втор пат зошто беше тоа лудо брзање вечерта кога дојдовме во домот. Наместо со сите во 09:00 часот удолу со знаење на водачот тргнав сам во 08:00 и гледам поворно она куче од вчера до мене /преживеаното/ со цел да ја осетам планината подобро, а нешто и да сликам, по можност.

Убаво патче со многу снег отстрана, лесно движење 1.5 км, а потоа Арктик, Аљаска, Сибир и Тибет заедно. Чиста површина, многу ветер, снег нешто како на патот за Галичник кај Тони Вода вејавица и микронски ситни зрнца снег кои те маваат од сите страни. Се ова е некаде на 1500 м. и морам да ја ставам маската на глава, два пара ракавици, се закопчам до гуша, ставам гамашни, правам стреа со рацете пред очите, наочарите да ги извадам од себе и полека да тргнам. Ситуација за Гинис и не знам дали да се смеам или да плачам навистина од ситуацијава и чекор по чекор се движам и така едно 3-5 минути и потоа ПЕСМА. Фантазија, нов свет, нови услови и вадење на целата таа опрема од мене која е целата со снег, мраз и побелена од вртлозите снег носени од ветрот.

Еве ги и другите побелени и закопчани од глава до пети, а од чистата страна паркиран нашиот теренец и други возила, утовар на ранците и понежните, а другите 10 км удолу каде е бусот. Местово ми личи баш како граница меѓу еден и друг свет. Патот удолу без снег, се растопено, топло уште само ластовички да прелетаа. Навистина огромни контрасти на толку мал простор до сега не сум видел а можда и ги нема никаде на друго место на Балканот. Интересно е тоа што рекоа домарите дека оваа зима е без толку многу снег како други вообичаени зими.

Црн врв, колонијална продавница, топло, сонце, маици, пролет, пиво, грицки и многу, многу + енергија и среќни лица и неколку полни души само со убави вредни нешта кои прават да се чувствуваш пресреќен што се ова си го доживеал на своја кожа па да можеш да го напишеш други да го прочитаат и видат се што има на овој Балкан.

   

Како крем или шлаг на се ова беше посетата на кафанаа КАМИОНЏИИ во Сврљиг каде сум ја пробал највкусната, најмераклиска и најобемна скара во својот живот до сега. Строго ја препорачувам на секој да го посети овој локал и да го прашам кога после ќе проба да јаде пак скара и на кое место.

Ниш, железничка станица, испраќај со сите 28 планинари и тие за Београд а јас за Скопје со воз во 18:30 часот.

 

Би било добро во иднина да се договориме една група од Македонија и повторно да ја посетиме оваа интересна планина.

(Марин Стојановски)

 


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje