Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Дешат - Веливар - септември 2009 - по камењарот -

<претходна страна - почеток на патувањето >

По веќе пеесетина метри пред нас се отвори едно кулоарче - камена река заградена со шума од двете страни. Треба да имаш навистина среќа да налеташ на единствениот камењар во тој дел од планината. Што да се прави - по камењарот нагоре. Тука уште еднаш ни се потврди уверувањето дека на вакви тури во непознато треба да одиме само со луѓе што добро ги познаваме.

По камењарот, составен главно од поситни камења појдовме нагоре. Веќе по првите десетина метри јасно ми е дека ќе мора да го брцнам GPS - от во појас и да ги користам и горните екстремитети за качување - што би рекле - 4 WD . Искачувањето е дополнително отежнато поради мокриот терен од дождот што паѓал претходната ноќ. Камењата лесно можат да се одронат и да се стркалаат надолу кон моите пријатели, па затоа морм да внимавам на секое движење.


Нагоре по камењарот


Поглед надолу - Марин и Влатко се уште се насмеани

По десетина минути стигнавме до еден дел каде камењарот стануваше уште пострмен, но шумата од десната страна изгледаше како подобра варијанта. Тука направивме 5 минути пауза да за провериме на GPS -от и картата каде всушност се наоѓаме. Имаше еден период од 3/4 од секундата кога се мислевме не ли е подобро да се вратиме, но се разбира, многу е потешко да се симнеш по таков терен отколку да се качиш, а и ако се симнеш - што? - треба пак да се бара пат нагоре. Така, тргнавме низ стрмната тревна падина со понекое дрвце ваму-таму, наместени точно за да ти помогнат полесно да го направиш следното движење. По десетина минути теренот се " подиспегла " стана поблаг, навлеговме во убава стара букова шума. Добра страна на сето ова беше што за кратко време искачивме 150 m висина, од 1350 до 1500 m


Влатко си мисли во облачиња "Што не си останав на Пиво Ленд"

По GPS -от гледав дека наскоро ќе се сретнеме со патеката која од Скопје ни беше предвидена, така да опуштено и полека се упативме југозападно кон сртото на брдото. Во 08:40 бевме на висина од 1640 m , близу до месноста Ѓуричина и тука се сретнавме со патеката која оди од правец на Видуше - Забел и продолжува накај врвот.


во шумата


Чудни структури од гранки

Сега беше како песна. Убава патека, широка како автопат, гледаме дрвја, габи на дрвјата, се фотографираме. На некои дрва изрезбарени имиња на војници и некои бројки - ситно броеле - војнички финти.


Влатко со малото печурче


Едно дрво со посвета



Усеин Болт со другар му


Како во бајките

Наскоро излегуваме на една ливада, која си ја нарековме Влаткова ливада според нашиот млад сопатник. Уште малку и се искачивме над појасот со шума, месноста Звериње на околу 1800 m . Toa е еден благо заоблен врв, огромна ливада која претставува предворје на пристапот кон горните делови од Дешат. Тука се отвора погледот на сите страни. За жал, погледот ни беше пресечен до пола - горните делови беа во облаци, но и она што го видовме подолу беше примамливо. Тука сме во 09:15 часот.


Влаткова ливада


Доаѓаме на Звериња - пред нас врвчето Скала во облак


<понатаму - амфитеатарот под Веливар >


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje