Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Љуботен - март 2006 (...продолжува...)

<претходен дел - ноќно искачување >

19.03.2006
Будење на сите во 05:00, средување, подготовки, чајче, нешто за доручек (кој сака), сончево утро и во 06:15 часот тргна колона од можеби 80 планинари кон врвот по идеални временски услови (јасно, ведро, чисто со -5C температура), многу добро опремени - имаше дури и планинари со скии за турно скијање, пластични чевли, многу со дерези, со цепини од секаков вид - дисциплинирани, тивки, тактички поделени во групи од по 10, а меѓу секоја група растојание од 20-тина метри (превентива од лавина).

Групата стигна на врвот во 09:15 часот и горе направи можеби до сега најголем зимски собир на планианри на Љуботен БРАВО !!!

Сите насмеани, озарени од сонцето, освежени од чистиот воздух, среќни, радосни, а величествен поглед насекаде наоколу, се видливо до зоната на маглата и морето од магла во кое се сите оние кои синоќа ги окупираа сите кафулиња и се забавуваа на познат начин, а сега че спијат можеби до пладне.

Се што е убав кратко трае па така и овој престој на 2500 метри - повторно како синоќа по истиот пат со тешки срца пак удолу кон домот на топла пилешка чорба со многу лепче и пакување и подготовка за враќање во зоната на сивата магла. Збогување со гостите од Србија, заеднички фотографии и желба за повторно дружење, планинарење, искачување врвови, ширење познанства и освојување нови видици и хоризонти.


Марин се спрема за скијачки скок (без скии)

Старо Село, влегување во автомобилот, поглед кон Љуботен кој не се гледа од маглата, правец кон Скопје и повторно враќање во реалноста.

(Марин Стојановски)


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje