Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Галичица - септември 2007 - втор дел -

<претходен дел >

Следниот ден - недела - не пречекува облачно утро. Но, додека ги правиме вообичаените подготовки, времето полека се расчистува и ветува убав ден.


Зраци низ облаците

Пред поаѓање Коки ги определеува групите заедно со инструкторите одговорни за секој од трите сегменти на Ferata-та. Потоа им поделија опрема - појаси, гуртни, карабинери. За оние за кој нема појаси - парчиња јаже - да се врзе Булинов јазел. Јас и Марин се спремавме за да појдеме со нив, но Антонио од ОБСЕ изрази желба да ја понжмине стандардната патека, па затоа, во договор со Коки, јас и Марин поаѓаме со Антонио - за мене тоа е добра прилика да ја снимам и оваа патека во GPS-от.

Бргу напредуваме, како што спомнав, Антонио е во одлична кондиција. Наскоро пред нас се отвораат карпестите афитеатри под врвот Магаро - прекрасна глетка за оние што сакаат карпести предели. Ние навистина уживаме во глетката.


Почеток на карпестиот предел.

Се искачуваме кај големата табла - која е на висина малку над 2000m. Оттаму уште малку патот е стрмен, но не како во претходниот дел. Потоа излегуваме на едно широко плато со мали врвчиња и вдлабнатини. Таму пределот е прошаран со интересни букети од едно кактусолико растение но преполно со ситни цветчиња - не сум ги сретнал на друго место - малите ливчиња се остри како игли.


Боцкав букет

Потоа наидуваме на дел зафатен од пожар пред едно две недели. Одиме по црн, јагленосан терен и во ноздрите ни допира мирис на гар. Продолжуваме во правец на врвот и таму сме наскоро - за 1 час и 10 минути од логорот.


Антонио и јас (Трајче) во опожарениот терен


На врвот Магаро (2245 m)

На врвот се фотографираме, правиме мал одмор, но поради ветрот и променливото време решаваме бргу да појдеме назад. Се враќаме по друга патека, од спротивната страна на карпестиот амфитеатар.


Дел од карпестиот амфитеатар


Повторно карпи. Десно - таблата. Во позадина, чад од пожарот на спротивната страна.


Поглед од долната страна на карпите


Амбиентот е навистина прекрасен

Кога се спуштивме во подножјето на амфитеатарот ги забележавме инструкторите како ги ја собираат опремата од Ferata-та - јажиња, клинови... групите успешно поминале по тој дел и тоа прилично бргу, што е знак дека се тие во добра психо-физичка кондиција. Со Антонио продолжуваме до логорот. По отприлика еден час се враќаат првите од кандидатите - задоволни од успешно поминатата патека, особено од Feratata - се чини дека поголемиот дел од групата се "мераклии" на карпест терен. Следуваше пакување, растурање и пакување на шаторите, средување на кампот. Комбето за превоз веќе е пристигнато.
По ручекот (околу 16 часот) следува договор дали да се замине на капење во Трпејца или директно на пат за дома. Ова прашање се постави поради облачното време. Сепак желбата за капење преовладеа кај поголемиот дел од групата, па заминавме на плажата на Трпејца. По кратко - околу половина час задржување и освежување, задоволни од убаво поминатите два дена на планина, тргнуваме кон Скопје.


Охридското езеро во игра на светло и сенки


На капење во Трпејца

За оние кои сакаат да ги видат и download-ираат картите од изминатате патеки, може тоа да го сторат стискајќи на еден од следните линкови :
<<Бугарска Чука>>
<<Магаро>>
<<Двете патеки заедно>>

За GPS записот download:
- Бугарска Чука : <<gpx формат>> , <<gdb формат>> , <<mps формат>>.
- Магаро : <<gpx формат>> , <<gdb формат>> , <<mps формат>>.


Профил на патеката до Бугарска Чука и назад


Профил на патеката до Магаро и назад

 

Трајче Панковски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje