Дешат - Веливар - септември 2009 - враќање -
<претходна страна - кон врвот >
Во 11:40 поаѓаме назад. Полека, нога пред нога, не брзаме многу дека имаме време на претек, а облаците кои се креваат не претставуваа некаква закана, долу видливоста е подобра. NATO : и неговите предности, албанската страна блика од сонце и гледаш се надолу, а нашата невидлива и матна, но се надеваме дека и нам наскоро ќе ни светне. На спуштање од врвот малку ја скративме патеката за да не одиме пак до св. Недела, туку свртевме лево една раскрсница порано. Малку понатаму, кога минувавме едно мало поточе, на Влатко пред нозе му помина една змија белоушка која била скриена во тревата.
поаѓаме назад
да се потсетиме на врвот
облаците се креваат од македонска страна
осaменото дрво на падината на Скала што цело време ни го привлекуваше вниманието
Така одиме до Звериње, каде сме во 13:05. Времето пак се подобри, се расчисти, огреа сонце, така да решивме да одмориме некои 15 минути во ливадата и да уживаме во глетката и во сонцето. Конечно Крчин се покажа во својата убавина и го фотографиравме. Марин тука имаше подолга фото сесија со еден скакулец кој никако не сакаше да си замине од неговите пантолани, а подоцна по истите претча и едно пајаче.
пауза на Звериње
Голем Крчин
Веливар пред нас, лево Јаловарско брдо
скакулецот на Марин
и пајачето
пирамидалната Скала
На преминот од ливадата кон шумата под едно дрво Влатко забележа извонреден примерок од убавите отровни печурки Amanita muscaria , печурката од сликовниците, една од најотровните печурки "у свет" која го уништува џигерот и за која нема противотров. Нормално, фотосесија со таква прочуена celebrity . Понатаму, низ едно природно тунелче од дрвја влегуваме во шумата и се спуштаме надолу, повремено Марин фотографира дрвја во разни форми и печурки и печурчиња.
отровната Amanita
природен тунел
овие ми личеа на марсовец со мало марсовче
конечно се отвори и погледот кон Кораб
Го минавме местото каде на доаѓање излеговме од камењарот. Одиме по патчето надолу кое воглавно е добро, но на едно место беше паднало големо дрво па оние што минувале почнале да прават нова патека која го заобиколува од горната страна. На висина од околу 1400 m доаѓаме до месноста Забел. Тука, според картата требаше да се одвои еден крак под агол од скоро 180 степени во лево кон Жировница. Но на терен не го најдовме тој крак, најверојатно таа патека во меѓувреме обраснала со растенија. Продолживме право, знаејќи дека сега одиме кон с. Видуше. Неколку стотини метри подолу најдовме една патека која одеше остро во лево кон Жировница, па и дадовме шанса. На висина од 1250 m наидовме на една раскрсница од која поаѓаа краци лево и десно. Тргнавме десно, но се испостави дека ќе беше подобро да појдеме лево. Лево по само 300 m оваа патека ќе се сретневме со шумскиот пат што го одевме утрината. Но ние појдовме десно. GPS - от во тој период малце ги имаше изгубено сателитите и не ја знаев точната локација, а кога видов кај сме, готово, веќе бевме тргнати на десно. Но добро, се спуштивме надолу по едно тесно долче и за 10-15 минути излеговме на седлото над с. Видуше. Мало, убаво селце. Нашата патека води лево кон Жировница.
на седлото од каде се гледа с. Видуше
Убава патека која благо се спушта надолу. По околу половина час пак излеговме на шумскиот пат, каде имаше многу дрвја со црвени и зрели дренки на кои не можевме да им одолееме. Подолу, на ливадите, имавме повторна средба со коњите што пасеа. Се прашувавме колку ли трева испасле тие додека ние бевме до горе и назад за овие 9 часа.
и ете сме назад во с. Жировница
Во 15:35 сме назад во селото. На влезот не среќава група момчиња од селото. "Каде бевте, од каде се качивте" . Тие се качувале до врвот за 2 часа. Им кажавме браво, дека ние не сме во таква форма како што се тие и се договоривме следниот пат кога ќе одиме да ги викнеме со нас за да ни го покажат патот.
Потоа средба со Граничната полиција, мал одмор и - во 16:00 во кола и назад кон Скопје. Во Скопје пристигнавме нешто пред 18 часот, среќни и збогатени со едно прекрасно искуство.
<понатаму - технички податоци >
|