Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Алпи Словенија, Швајцарија, Франција - лето 2008

Впечатоци од експедицијата "АЛПИ 2008"
во организација на Планинарските друштва "Победа" од Белград
и "Макпетрол" од Скопје: 03.08 - 19.08.2008

(четврт дел)

<претходен дел >

11 август 2008 (понеделник)

Околу пладне стигнавме во Ле Хуш каде што не пречекаа нашите пријатели излетници кои ни приредија срдечен пречек со сликање и аплаузи. Им рековме дека примаме честитки само со ракување, а не и со загрнување (бидејќи 4 дена не бевме ниту истуширани, ниту измиени). Подоцна прошетавме низ убавиот Шамони и се воодушевувавме од убавината на градот, но и од околината. Глечерите од околните планини беа надвиснати над Шамони како замрзнати бели реки кои како во секој момент, еве, ќе се слеат во градот.

На еден споменик беа прикажани двајца планинари кои уште во 1786 година го освоиле Мон Блан.

А, колку Македонци го освоиле Мон Блан? Поради неактивноста на Планинарската асоцијација на Македонија нема точни податоци за освоените врвови од страна на Македонците. Некој вели дека 50-тина планинари го освоиле Мон Блан, друг вели 100-тина, но, сигурен сум дека секој планинар има своја, уникатна приказна за освојувањето на врвот.

  

Глечерите над Шамони Првите освојувачи на Мон Блан во 1786 година

Пријателите излетници ни кажуваа за местата што ги посетиле: убавиот град со многу цвеќе, глечерските езера, за неверојатниот видиковец Агил Де Миди на 3.847 метри кој е вистинско градителско чудо, за пештерите во глечерот.

Во Шамони дури и контејнерите за ѓубре се опркужени со цвеќиња.

  

Шамони, Франција Агил Ди Миди, над Шамони

Во глечерска пештера

Вечерта преспавме во Шамони.


12 август 2008 (вторник)

Утрото тргнавме на долг пат кон Париз каде што се задржавме 5 дена.

Бевме сместени во скромен хотел и секој уживаше во убавините на Париз: Лувр, Триумфалната Капија, Големата Капија, Ајфеловата кула, Мон Мартр, Версај, пловењето по Сена, интересните ресторани и трговски центри.

Дефинитивно, Париз е еден од најубавите градови во светот. И преполн со туристи од целиот свет. Се чека во ред за искачување на Ајфеловата Кула, во ред за маса во ресторан, се чека во огромен ред за влез во музејот Лувр и во уште подолг ред пред сликата на Мона Лиза, се чека во ред за влез на брод по Сена.

Секој го посетуваше и сликаше она што му се допаѓа. Некој сликаше згради, некој мотори, а некој заљубени.

  

Под Ајфеловата кула На Трокадеро

  

По улиците на Париз Најновата Тојота

  

До Големата Капија Заљубени во Париз

Во Париз се задржавме до утрото на 16 август 2008 (сабота) кога преку Германија тргнавме кон Виена во Австрија.

Вечерта спиевме во Виена во убавиот Новотел хотел.

 

17 август 2008 (недела)

Колку што Париз е голем и бучен и полн со туристи, толку Виена е мирна, убава, бела и без големи турканици по улиците. Дворецот Шонбрун и лавиринтот во паркот околу дворецот, зградата на Парламентот, музеите, катедралите. Во сеќавање ни останаа огромните чинии со шницли во ресторанот Центиметар (препорачувам!!!). Александар Манакоски од Гостивар, студент по архитектура на Техничкиот Универзитет во Виена, беше вистински домаќин и водич низ Виена на неколкумина „гладни“ за убавина и нови сознанија.

  

Дворецот Шонбрун, во Виена Парк во Виена покрај Дунав

  

Споменик во Виена Под Мон Блан

Катедралата во центарот на Виена

Пред легнување убаво се засладивме со торти и сладолед, задоволни од убаво поминатиот ден.

 

18 август 2008 (понеделник)

Колку што се приближуваме кон Балканот, толку бевме понестрпливи да се вратиме дома, иако високите температури во Македонија, Србија, Бугарија не ветуваат мирен одмор од авантурата.

Дента прошетавме покрај Дунав, бевме во забавниот парк Пратер, бевме на шопинг низ градот и се одмаравме во дворот на „Островот на музеите“.

Во 20 часот тргнавме преку Унгарија кон Белград, почетокот, но и крајот на нашата експеидиција.

 

19 август 2008 (вторник)

Утрото, околу 8 часот стигнавме пред црковниот храм Свети Сава од каде што тргнавме низ Европа на 3 август. Се сликавме, се загрнавме, разменивме адреси и телефони и секој тргна на своја страна.

Ние, Македонците после пладне тргнавме кон Македонија.

 

Значи, на 19 август 2008 успешно заврши нашата авантура.

Многу ни беше жал што Власта од Нова Горица, Словенија и Селена од Зајечар, Србија, поради приватни причини, не дојдоа со нас. Но, во мислите секогаш беа со нас.

Јас секоја година откако одам на слични експедиции кои ги организира ПД Победа од Белград, се чудам каде треба да одам следната година за да биде подобро од претходната. И секогаш пријателите од ПД Победа од Белград организираат уште поинтересни акции.

Елбрус, Килиманџаро, here I come!!!!!!

 

Слики од:

Борко Гајиќ

Маријана Илиева

Гордана Виќентијевиќ-Марковиќ

Ленка Рибиќ-Зеленовиќ

Снежана и Драган Шобот

Љупка Тодоровска

Мирко Мирковиќ

Милутин Крсмановиќ - Ричард

 


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje