Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

4 дена Шар Планина - полн пансион - август 2010 - (ден 4)

<претходна страна - ден 3 >

А убаво ни викаше чичко Скендер дека не ни е тука баш убаво за логор - бевме премногу високо - веднаш на седлото и нормално, цела ноќ ветрот си поигруваше со нашите шатори. Малку полошо спиевме од обично, ама што, и онака ни беше последна ноќ во планината. Јас вечерта останав до подоцна да го чекам Скендер кој рече дека ќе дојде пак да не посети, ама не се појави.

Утрото околу 6:30 поминаа двајца Горани од Растелица кои беа во потрага по боровинки и една од минатиот пат заборавена јакна. И со нив кратка средба, малку муабет, па секој по својата работа.


Ден 4 : вода, камен, сонце


свежо рано утро на Горно Врачанско езеро - по ветровитата ноќ

Решивме рано утрото да појдеме прво на Голема Враца, па потоа да го пакуваме логорот и да поаѓаме надолу. Во 8:05 поаѓаме кон Голема Враца. Успонот е по тревнат терен, уште тој дел од планината беше во сенка, дури на врвот излеговме на сонце, но имаше умерено ветре кое не натера да си ги ставиме јакните и капите. Во 8:45 сме на врвот. Погледот е прекрасен, особено во правец на Мала Враца и гребенот кој продолжува во лево и завршува со еден прекрасен (на карта) безимен врв. Пределот многу потсетува на алпите и ни буди пријатни чувства. Исто така и Кораб се гледа многу убаво.


искачување на Голема Враца - поглед на Мала Враца и Кораб, Веливар, Крчин


на граница меѓу сонцето и сенката


на Голема Враца - Марин и Вања - назад десно - Титов Врв


поглед на Мала Враца, езерцето, Кораб


спуштање од Голема Враца - означен е изворот со вода


Мала Враца и гребенот кон безимениот врв


Мала Враца и Кораб

Во 9:30 сме во логорот. Следи пакување, полека со мислите се ориентираме кон градот, цивилизацијата, напите идни обврски и планови. Сепак секоја авантура има крај и убаво е да е така - малку пушти го вентилчето за да може пак да се вратиш во бетонскиот хаос на секојдневието. Во 10:30 поаѓаме надолу. Патот е долг, не е напорен, но мора да се изоди. Поаѓаме кон село Ломница, некаде помеѓу Тетово и Гостивар, над село Неготино.


спуштање надолу - покрај Долно Врачанско езеро


Мала Враца - долу лево е едно бачило


на помали надморски височини - на пат кон с. Ломница


Марин на крајот од патувањето - дел од Шарските Води

По повеќечасовно пешачење - во 16:10 стигнуваме во село Ломница, на околу 1000 метри надморска височина. Веќе доста ни е од пешачење, ние високогорците не сме научени да одиме по асфалт - па си викнавме такси кое не симна до "Бунар Петрол" пред Гостивар, каде, по претходен договор, дојде жената на Вања и потоа појдовме кон Скопје, малку уморни но среќни што оваа акција помина во најдобар можен ред од сите аспекти, а особено од она што најмалку зависи од нас - од врменските прилики - помина на најдобар можен начин. На сите учесници оваа акција ќе им остане во трајно и прекрасно сеќавање.

Четвртиот ден минавме 17200 метри должина, и искачивме 380 метри висинска разлика и спуштивме 1550 метри.

Вкупно за сите 4 дена : 59900 метри - значи 60 km, вкупно искачување : 3960 метри - значи околу 4000 m висинска разлика.

За повеќе фотографии од турата, погледнете на следниот линк.


3D мапа за четвртиот ден


профил на патеката за четвртиот ден

 


патеката за сите 4 дена


профил на патеката за сите 4 дена

Трајче Панковски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje