Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Акции

 10-18 јануари 2015 - СКИЈАЊЕ ВО ЗАКОПАНЕ - ПОЛСКА 

ЗАКОПАНЕ е најпознат скијашки и зимски центар на Полска. Сместен е под највисоките врвови на ВИСОКИТЕ ТАТРИ на 1000м/нв. Изузетната зимска инфраструктура на градот и околината им пружа задоволство на сите љубители на доброто скијање а многубројните хотели и сместувачки капацитети (ги има 526), ресторани, дискотеки, затворени базени, спа и велнес центри ќе допринесат од полската престолнина на скијањето да понесете најубави спомени. Во зима бројните ски-лифтови нудат совршени услови за скијање како за искусните скијачи така и за почетници. А на лето Закопане станува центар кој ги собира планинарите - качувачи на Високите Татри. Во секој случај вреди да се види.
П Р О Г Р А М А:
08 jануари 2015 (четврток) - Во 20 ч. поаѓање од Скопје од ж.станица - паркинг пред Пошта. Ноќно возење.
09 јануари 2015 (петок) - Возење со попатни застанувања. Во БУДИМПЕШТА пауза од 2 часа за разгледување на градот. Пристигнување во Закопане (населба Coscielisco) околу 16 ч. Сместување во хотел во соби со 2,3 и 4 кревети. СМЕСТУВАЊЕТО Е НА БАЗА НА ПОЛУПАНСИОН - ДОРУЧЕК И ВЕЧЕРА. Вечера и ноќевање.
10 - 16 јануари 2015 :  ЗАКОПАНЕ - скијање, по можност планинарење до блиските достапни врвови и забава.
17 јануари 2015 (сабота) - Доручек. Скијање до 16 ч. и потоа заминување од Закопане. Ноќно возење.
18 јануари 2015 (недела) - Пристигање во Скопје околу 14 ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ -  270 евра.
Во цената на аранжманот е пресметано:

  •  Превоз на наведената релација со автобус / минибус
  •  8 полупансиони во хотел во Закопане
  •  Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е пресметано:

  • Патничко осигурување - 500 ден.
  • Се она што не е опфатено со програмата

СКИ-БИЛЕТОТ  за 6 дена чини 85-90евра за еден ски-центар, односно 110 евра за различни ски-центри.
ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ПОТРЕБНИ СЕ 45 / 25 ПАТНИЦИ.
ПРИЈАВУВАЊЕ  И  УПЛАТА  до 15 декември 2014 на mail и на тел. 070 725-880


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje