Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Рила - Мусала и 7 Рилски езера : 2-4 август 2013

Рила е убава и за нас блиска десинација. И ако се одбере Боровец како дестинација за ноќевање и прошетка, тогаш со оваа планинарска понуда е постигната солидна привлечност за учество во една убава планинарска тура.

Овој пат турата ја организиравме на покана на планинарското друштво "Рилски турист" од Самоков со кое не поврзувадогогодишна соработка. За нас македонците викендот беше продолжен со празникот Илинден така што опуштено и без брзање го искористивме петокот да пристигнеме на Боровец, со попатно разгледување на една скоро востановена туристичка атракција Цари мали град. Тоа е едно брденце над селото Белчин на половина пат меѓу Дупница и Самоков. Како археолошки локалитет нема многу што да се види, но со европски пари брдото е така убаво средено што навистина вреди да се разгледа. Тоа е многу блиску до главниот пат - на 2 km. Убав паркинг, табли и влезни врати, мал ресторан на влезот, кратка жичара со кабина, убава но стрмна еко патека , со интересни стојалишта и дрвени клупи (некои со настрешница0 на врвот многу интересен мост од јажиња, модерни детски објекти за забава и т.н. На крајот на патеката црквичка посветена на Св. петка, со икона која содржи делчиња од моштите на Св. Петка.

Во Самоков не дочека Маријана, претседател на пл. друштво "Рилски турист" и не покани во нивните простории каде добивме сок, пиво, грицки и слатки. Потоа продолживме до Боровец. и го разгледувавме следните 3 часа пред да се сместиме во пл. дом Шумнатица на 4 км од Боровец.

Домот е сосема пристоен и беше подготвен да ги прими гостите. Касно во ноќта во домот пристигна и групата од Белград.. Со нив заедно во саботата наутро тргнавме за Мусала (највисок врв на Балканот 2925 m0 Бевме неѓу првите на жичарата и околу 9 часот по бугарско време се искачивме на 2350 m. Добро е што бевме меѓу првите зошто потоа дојде огромен бран од посетители кои сите одеа кон врвот. По моја проценка имаше 2-3 илјади посетители.

По изохипса за околу 45 мин стасавме до пл. дом Хижа Мусала на околу 2370 m каде доручкувавме и потоа тргнавме кон врвот. Времето беше мирно, без ветар, со малку облаци и околу 17 - 20 степени. Идеално за качување. А на патеката врвулица од планинари. Полека но сигурно гупата од 20 планинари се искачи за 2 - 2:30 часа на самиот врв. Предначеа младите - Александра, Ивана, Борис, Елена, Богдан, Зорица, Гога...

На врвот вистинска фешта. Досега не сум видел толку планинари на самиот врв. Следуваше сликање пред столбот на врвот а по крато време тргнуваме назад - до жичарата а потоа од Боовец до пл. дом. Вечерта мала забава со гитарата на Кое и друштвото кое е љубител на песна. Потоа се договараме за утрешниот ден, за утрешната тура на Маљовица и 7 Рилски езера.

Утредента стануваме в зори и тргнуваме кон 7 Рилски езера. На крајот од патот пред Хижа Пионерска пристигнавме околу 8:15 часот по бугарско време. Нема посетители, жичарата работи од 9:30. Среќа е што стигнавме рано зошто покасно настанува лудница од коли и посетители. Пешки по патот тргнавме кон езерата. За 1 час и 15 минути се искачивме до пл. дом Рилски езера на 2100 m Доручкувавме и потоа групата од 9 планинари тргнуваме нагоре а тројца остануваат да уживаат во убавините на 7 Рилски езера.

Ние деветмина се качуваме на платото на 2300 m поминуваме и се сликаме на круговите каде Дановистите ги одржуваат своите сеанси, поминуваме покрај езерото Бубрег, па се качуваме до езерото Око, па до езерото Солза и потоа излегуваме на 2700 m кај звончето. Се сликаме и продолжуваме по гребенот кон врвот Маљовица. Има доста пешачење, наизменично спуштање и иксачување. За 3 часа стасуваме на Маљовица - 2729 m Под неа убаво се гледа Рилскиот манастор. Попатно среќаваме планинари од странство, од Македонија, од Бугарија. Се одмораме на врвот, јадеме и се сликаме со снамето на ПСД Макпетрол. Потоа назад со подолг чекор за да стигнеме побрзо до Пионерска. На хижа Пионерска стигнуваме во 20 часот. Нашето патешествие траеше 11 часа со поминати 31 km. Достојно за почит. Сите деветмина добро издржавме, само потоа по пат Ивана имаше потешкотии кои утредента беа констатирани како последица од сунчаница.

Честитки до сите со желба за повторни средби и дружења.

 

Автор и фотографии: Никола Доновски



© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje