Планинарско Спортско Друштво МАКПЕТРОЛ Скопје > Макпетрол Home 
         Почетна страна
         Годишна програма
         Акции
         Документи
         Историја
         Библиотека
         Високогорство
         Topo Maps
         Контакт
         Линкови

 

 

 

 

Нови дерези - Шар Планина - 26 декември 2009

Последна акција во оваа 2009 година. Прилика да го заокружиме искуството за оваа година што изминува, навистина богата со бројни успешни, интересни акции.
Договорот падна да одиме во сабота - 26 декември - главниот фактор за оваа одлука беше временската прогноза. Марин, Васко, Ненад и јас (Трајче) поаѓаме од Скопје околу 6 и нешто. Не брзавме многу дека и планот не ни беше премногу амбициозен - знаевме дека горе ќе има силен ветар.

Стигнавме во Смрека - сликата на Попова Шапка беше жална - снегот речиси целосно стопен, единствено каде што поминувал ратрак имаше остатоци од снег измешан со кал и трева. За два дена снегот се стопил.
Се среќаваме со Славе - домарот во Смрека, Панде и Гоце - младите алпинисти. Во текот на денот треба да дојдат и други планинари дека утре е планирано традиционалното зимско искачување на Титов Врв во организација на П.Д. Трансверзалец.


пред поаѓање од Смрека


по Церипашина


Ненад, Васко и Марин - во позадина Вртоп и Кобилица


на Aнтени - ветрот во своите налети не буткаше на страна по 2-3 чекори

Полека, без брзање но сепак прилично бргу стигнавме на Церипашина и продолживме кон Антените. До тогаш бевме заштитени од западниот ветар, но кога излеговме на Антените ветрот си ги покажа своите заби. Дуваше умерен до силен ветар, но имаше повремени навистина многу силни удари. Можевме да продолжиме, најверојатно до Бакардан, но јас изразив желба да останам тука и да посветам време на вежбање на движење по стрмен терен со новите дерези - ги немав пробано откако ги купив, а падината под Антени ми се виде убава за прва проба. И останатите ја прифатија идејата и поминавме навистина убави 2 часа во тренинг на движење по тврд снег - движење со дерези и цепин. Васко ми помагаше со своето стручно знаење и искуство за подобрување на техниката на движење. Снегот беше воглавно прилично тврд - би рекол идеален за тренинг, така да по неколкуте спуштања - качувања се привикнав на движењата и се чувствував сигурен во опремата. Следниот пат ќе барам уште поголема стрмнина или мраз.
Во меѓувреме се видовме алпинистите А.К. Матка кои исто како и ние го искористија денот за тренинг. Кого го интересира повеќе - има нов текст од Коки за алпинистичкиот тренинг на сајтот на А.К. Матка - тука.


вежбање на движење по стрмна заснежена падина


Марин со дерезите


Васко и Трајче вежбаат


Марин "лета"


Ненад на стрмнината


Поглед кон великаните на Шар Планина - Титов Врв, Турчин и Бакардан


Изложба на чевли и дерези


Ненад и Трајче


Васко


Поглед кон една од нашите омилени следни цели за 2010 година - Вртоп и Кобилица


Васко и Трајче пак вежбаат


Група среќни планинари


На врвот Церипашина


Поглед кон падината каде што вежбавме


Пак се сретнавме со Панде и Гоце


Одмор во снегот


Средба со бордерите...


Некои прават салто - кои ли се тие?


Гоце и Панде - младите алпинисти - нашата иднина

Така, неоптеретени, уживајќи во сонцето и снегот, полека се вративме во домот Смрека. Таму кратка средба со присутните планинари и алпинисти, мало закрепнување и потоа задоволни за добро исполнетиот ден појдовме кон Скопје. Со тоа завршија нашите активности за 2009 година и желно ја чекаме првата акција во Новата 2010 година.

автор : Трајче Панковски


© Copyright 2004 - 2014 Makpetrol A.D. Skopje