Да ја запознаеме Јабланица:
Глацијалните или леднички Езера се бисерите на Јабланица.Тие претставуваат геолошко-хидролошки форми кои водат потекло од последното глацијално доба и нивната старост се проценува на 10000 – 15000 години. Нивното создавање е поврзано со движењето и топењето на огромните глејчери во текот на леденото доба. Денес водата во Езерата потекнува од подземни извори, снежни врнежи и дожд. Од четирите Езера најголемо е Подгоречкото(1894 м.н.в) со површина од 3999 метри квадратни, а најдлабоко е Вевчанското(1965 м.н.в) со длабочина од 10 метри. Помали по површина и поплитки се Лабунишкото Горно Езеро (1930 м.н.в) и Лабунишко Долно Езеро (1915 м.н.в) . Специфичен животински вид во езерата е безчерупкестото ракче Chirocephalus diaphanous carinatus кое е загрозено заради уништувањето на неговите станишта кај нас и во Европа. Највисокиот врв на Јабланица е Црн камен 2257 м.н.в. За 24 метри понискиот од него Стрижак 2233 м.н.в ни овозможува една од најпространите и најубавите глетки на планината.
Долго договорвена тура. Требеше да ојме пред една недела ама времето беше ногу лошо и турата мораше да се одложит. Цела недела повервевме какво ќе е времето за викендот шо идет. И етего дојде денот да тргниме. Ја бев посебно весела заш ќе ојме во мој крај. Да видет скопјаниве, штипјаниве и валандовчаниве каква убајна имаме ние во Струга.
Саботата сабајле во 05:30 сатот тргнавме од Скопје. Љуѓето шо бевме на Јаблајнца: ја, Трајче и женаму Софија, Перо и женаму Тања, Жико, Сики, Тања и Тасо. По пат убо поминавме, малу ни се спиеше ама муабет за муабет и патот одма помина. Дојдовме Драслајца (моето родно село) тука се договоривме да ги остајме колите да бидет на сигурно да не ги мислиме. Од тука со такси појдовме до Лабуништа. Ги кладовме ранците на рамо и тргнавме кун лабунишки бачила.
Одевме по широк пат по кој одет со џипој до бачилата. Ни требеше два и пол сати да стигниме до бачилата. Шаторите ги кладовме одма до бачилата на една рамна ледина. Близу имавме вода, дрва, место кај шо палет оган овчарите и оние шо идет на излет.
До бачилата имат многу викендици, по пат се сретивме со неколку луѓе. Им кажавме дека ќе спиеме во шатори и еден овчар ни кажвит дека имат мечки и дека слегвеле по некојпат до бачилата. Ни викет ќе ве изет мечки по планиниве најубо ви е близу до нас да спиете.
Ги напрајвме шаторите подзедовме по нешто ситно за јадење, вода и трнавне накај Лабунишки Езера и кон Стрижак.
Прво по широкиот пат дојдовме до Лабунишките Езера. Одењето не е тешко патот полека качвит нагоре, ак ојш полека ти требит малу појќе од пола сат за да стигниш од бачилата до Езера.
Од Езерата нагоре, нагоре по стртот. Ко се качивне на сртот сите врвој ни беја близу.
Едно време на Тања и Софија им се сотрча, па почнаја да трчет. Ногу убо личеше на сите ни се напрај мерак да потрчаме.
Трајче предложи да качиме уште два врвој шо ни беја успат до Стрижак. И така напрајвме.
Ојдовме прво на Пупуљак и накај Невестин гроб - така се викат седлото кое го сповјат Стрижак со сртот-природната и вистинската граница помеѓу Македонија и Албанија.
Кај сне ние учени да ојме по нормален пат. Све попреку-напреку и оп на врвот. Од горе ај шо се гледет Лабунишки Езера туку и во Албанија се гледат едно Езеро.
Од друга страна раширено по цела должина Охридско Езеро, убајни се изнасликавме.
Од Стрижак почнавме да слегвиме од другата страна шо ојт дирекно до бачилата. Од сабајле Трајче ми викаше од таму да го качиме ама после се премисливме, заш бајги стрмно беше па да не дојт многу напорно пошто бевме поголема група. Слегвењето беше весело, стрмно ама имат кај да клајш нога, плус од тука се качвет овцине да пасет. Им вела на другиве шом овцине и овчарон се качвет значит мојт да се ојт. Слеговме сите весели, наполнавме вода и дирекно кај шаторите.
Прособравме некое дрво и запаливме оган. Јадевме покрај огнот се топлевме, праевме муабети да поминит времето заш не се легвит многу рано далеку е утрото ќе не болет коските од лежење. Ги гледавме ѕвездите и се праеше муабет за соѕвездија, за ѕвездата северница. Како седиш така се појќе ѕвезди излегвеја.
До шаторите тие од бачилата врзале еден коњ да пасит. Дал намерно ил не незна ама го остаја цела ноќ до нас.
Спиењето беше убо. Едно време нешто душкаше околу шаторите и во целата тишина го слуша Перо - „ете ја мечката дојде“. Сабајлето го начекавме натрапникот едно мало куче без опаш, се ми се чинит дека тој бил мечката ноќта.
Во Неделата станавме околу седум сатот. Ги здипливме шаторите и полека тргнавме накај Лабунишките Езера.
Од таму покрај Долното Лабунишко Езеро фативме дирекно нагоре одевме околу 10 минути и ко стигнавме на превојот го здогледавме Подгоречко Езеро. Езерото се врвит од лево. Водата од Подгоречкото Езеро подгорчани е користет за пиење. Годинава гледа напрајле и една мала брана за појќе да се собират водата. На Подгоречко Езеро не застанавме, дирекно продолживме накај Ајдарова Ливада. Патеката не водит низ една камена долина која се поминвит посреде до подножјето на седлото кое ги спојвит врвот над Ајдарова ливада и Црн камен. Пошто ни беше успат на патеката ги остајвме тешките ранци и заминавне без нив накај врвојте.
Ајдарова ливада се наоѓат на висина од 2120 м.н.в . порано тука имало Езеро, ама сега е останато како тепција рамно со трева суво поле. Од Ајдарова ливада имат многу убав поглед кон Подгоречко Езеро и кон сите врвој на Јабланица, се ти е на рака.
Од таму имат патека која цик-цак ојт накај каменастиот врв кој се наоѓат на Ајдарова ливада на карта немат име. По патеката начекавме убај големи боровинки со кои се облаживме.
Освен ја сите останати за прв пат се качија на Црн камен највисокиот врв на Јаблајнца.
Слегвењето од Црн камен пак беше по наша избрана патека која не однесе право до ранците. Дур не пробат чоек немојт да знајт дека и од то место мојт да се ојт.
Се нарамивме и тргнавме по патеката до Вевчанско езеро. Најпојќе му се израдвеја, го прогласивме за најубо Езеро. Разладивме нозе, некој од нас и лицето си го изми со биста вода и патот подноѕе кон голина.
Таму требеше да имат чешма со вода ама заради сушата секнала. Убо шо имавме малу резервна вода, зато секваш требит да се чуват резервна вода. После голина уште е викет и голема ливада тргнавме низ шума по маркирана патека и све беше убо се дур не излеговме на патот. Тука секогаш ми бегат маркацијата. Сега ко си дојдов дома и си мисла заш неможевме да е најме, цело време е баравме во левиот дел од патот а не се опулив во десниот дел. Друг пат ќе ода од Вевчани нагоре за да е истража патеката да вида точно како ојт.
Слегвењето беше без проблеми, е остајвме маркацијата зад нас и тргнавме по патчињата по кои имав одено поќепати. Во Вевчани бевне точно на ручек. Викнавме такси на срецело да не земит, дур да дојт таксито на брзинка појдовме до почетокот на Вевчански извори.
Во Драслајца не чекаше топол ѓомлезец. То беше мало изненадување за сите нас да пробаме старско јадење. Нешто што ни останало од баби, прабаби напраено по старски начин од брашно, вода, сол и масло со сач и пиростија.
Кој појќе кој помалу ги наполнване стомаците и тргнавме со време накај Скопје.
Технички податоци :
Должина на патеката : 31,5 km - 15,5 km првиот, 16 km вториот ден
Висинска разлика (вкупен успон) : 2380 m - 1600 m првиот ден, 780 m вториот ден
Макс.процент.успон : 44 %, просек 12,8 %,
Макс.процент спуст : -53 % просек -15,8 %
изминатата патека
висински профил на изминатата патека