Бизнис лига финале во мал фудбал


Во финалето на најелитното бизнис натпреварување во мал фудбал во кое учествуваа најуспешните македонски компании, се сретнаа екипите на Макпетрол и Матрикс. Во крајно израмнет натпревар, како што всушност доликува на едно финале, одлучија нијанси при што на крај повеќе среќа имаше екипата на Матрикс кој победи со резултат од 5:4. Со тоа екипата на Макпетрол го освои второто место што претставува и потврда за покажаниот квалитет и пожртвуваност во текот на целото првенство во сезоната 2018/2019. Исто така фудбалерот на Макпетрол Мишо Ѓоргиевски го освои третото место на листата на најдобри стрелци.