Започна со работа целосно реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ што се наоѓа веднаш после граничниот премин Богородица. На бензинската станица можете да купите се што ви е потребно за вас и вашето возило, почнувајќи од широкиот асортиман на производи во продавницата, па се до квалитетните УЛТРА горива. Исто така, на бензинската станица наскоро ќе биде достапно и метанското гориво. На располагање ви стојат супериорните Lubex и Repsol моторни масла и сите потребни течности за Вашите возила, а за неопходните мигови на одмор, во рамките на бензинската станица е изграден простран паркинг за лесни и тешки возила. Бензинската станица работи секој ден, 24 часа нон стоп.
Ве очекуваме и ви посакуваме среќен пат!