22nd World Petroleum Congress


Во периодот од 7.7.2017 до 13.7.2017 година беше одржан “22nd World Petroleum Congress”, каде што, “Макпетрол” АД, како спонзор и покровител, беше претставен преку учеството на Македонскиот национален комитет, член на Светскиот совет за нафта.

Во рамките на Конгресот беше организирана саемска манифестација, односно изложба, на која беа претставени националните комитети од останатите држави-членки, како и голем број водечки светски компании инволвирани во нафтениот бизнис. На заинтересираните делегати, изложувачи и посетители им беа презентирани сите активности на “Макпетрол” АД и, при тоа, беа остварени корисни контакти со претставниците на одделни компании и национални комитети.