Настани


Соопштение за јавност по одржаниот настан – доделување на главна награда од наградната игра на програмата за лојалност Верна, „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“

Заврши наградна игра „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“ на компанијата Макпетрол АД. Денес во продажно сервисниот центар Хонда свечено се додели главната награда скутер Honda ANC 125 SH Mode која заврши во рацете на скопјанецот Мишко Брзаковски.

Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД во своето обраќање изјави дека наградната игра „КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПОЛНИШ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАШ“ била начин компанијата да се заблагодари на своите верни потрошувачи за укажаната доверба.

Отворена уште една станица за полнење метан

Макпетрол АД во континуитет се труди да биде во чекор со светските трендови со цел на потрошувачите да им обезбеди најквалитетни горива за нивните возила. Тоа се однесува како на конвенционалните горива, така и на алтернативните горива. На денешната прес-конференција претставниците на компанијата го промовираа метанот како нова содржина на Бензинската станица „Партизанска“ 

Промоција на новиот систем за автоматско препознавање на возила, „Ултраматик“

За првпат во Македонија, Макпетрол презентираше нов систем за автоматско препознавање на возила, Ултраматик кој овозможува  точно следење на извршените полнења во возилата и потрошувачка.

„Спроведувајќи ги своите програми, Макпетрол,  секогаш ги става потребите на  клинетите на врвот на приоритетите, па затоа создадовме производ што дава значителни придобивки, овој пат, за своите деловни партнери - иматели на возен парк за службените возила“ - изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Промоција на наградната игра „КОЛКУ ПОВЕЌЕ ПОЛНИШ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДОБИВАШ!“

Од иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа компанијата Макпетрол АД Скопје која овој пат во продажниот салон на Хонда ја промовираше наградната игра од програмата за лојалност ВЕРНА, под наслов „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“. 

Соопштение од одржан брифинг и промоција на документарен филм, Патот на боцата

За  иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа и компанијата Макпетрол АД Скопје која за крајот на годината  со целодневен настан посветен на медиумите  ги откри подобрувањата во работата  и новостите кои ќе ги понуди на пазарот.

МАКПЕТРОЛ: Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници

Програмата за лојалност, на компанијата Макпетрол, ВЕРНА, денес по скоро една година го доби и педесет илјадитиот член на своето семејство. Истото компанијата го одбележа преку настан во салнот на Хонда.

ПОТРЕБАТА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Главната цел на обновливите извори на енергија е да ја намалат загаденоста на животната средина преку намалување на CO2. Најдоброто решение за овој проблем во нафтената индустрија се биогоривата, бидејќи тие го намалуваат учеството на CO2 за 50% во однос на фосилните горива. Затоа, во ЕУ, учеството на биодизел горивата во вкупната количина на гориво,  треба да изнесува најмалку 10% до 2020 година. Најквалитетен начин за добивање на биодизел гориво е преку маслодајна репка. Покрај тоа што биодизел горивата придонесуваат кон заштита на животната средина, тие ја подобруваат работата на моторот во автомобилите, и можат да се користи без преправка на моторот.

МАКПЕТРОЛ ИНВЕСТИРА ВО ГОРИВА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Макпетрол, како одговорна компанија, која пред се е ориентирана кон општеството и потрошувачите, веќе подолг период континуирано инвестира во развој на нови технологии и производи што ќе овозможат повисок квалитет и подобри перфоманси за нашите клиенти, но истовремено во најголема можна мерка ќе ја заштитат природата.  Оттаму, наша стратешка определба во последните неколку години е производството и промоцијата на горива добиени од обновливи извори на енергија, а во конкретниот случај биодизел.  Со гордост можеме да се пофалиме дека во моментов сме единствена компанија на македонскиот пазар која на своите клиенти им нуди можност да користат гориво добиено од обновливи извори на енергија.

Светските искуства и технологии од областа на примената и контролата на нафтени деривати и во Македонија

Макпетрол А.Д. е во чекор со најновите достигнувања во областа на примената на најсовремените технологии и адитиви за сочувување и подобрување на квалитетот на производите кои ги нуди на своите ценети и верни купувачи. Одржувањето и модернизацијата на инсталациите за складирање и манипулација со нафтените деривати се врши секојдневно со цел обезбедување на целосна контрола и одржување на квалитетот на дериватите, нивна безбедна манипулација, а воедно и целосна заштита на животната средина и здравјето на вработените и околината.