Почетна  Контакт  English
почетна Одржлив развој Управување со животна средина
 
 
„Макпетрол“ АД е компанија која како правно лице, со нејзиниот предмет на работа и дејствување е вклучена во сите области на животната средина.

Согласно со законската регулатива, „Макпетрол“ АД е обврзан за сите објекти да има елаборати за заштита на животната средина. Во рамките на оваа обврска, за сите бензински станици и складови изработени се елаборати и се добиени согласности од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие елаборати јасно покажуваат дека објектите на „Макпетрол“ АД се со современи технички и функционални содржини, како и со предвидени мерки за заштита на животната средина.

Во 2007 година „Макпетрол“ АД го имплементираше и стандардот за управување со животната средина ISO 14001:2004.

Сеопфатна цел на овој меѓународен стандард е да ја поддржи заштитата на животната средина и да го спречи влијанието на загадувањето што би било во рамнотежа со општествено-економските потреби. Ваков систем за управување со животната средина е неопходен како на ниво на компанијата така и на ниво на државата, а сe со цел постигнување глобален одржлив развој, во интерес на идните генерации.