Почетна  Контакт  English
почетна За нас За Макпетрол
 
 
Макпетрол АД претставува најголема приватна компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија. Како лидер на македонскиот пазар скоро 70 години, располага со развиена мрежа од 124 ултра модерни бензински станици со нафтени производи со доволен капацитет.

Нејзината основна дејност е трговија на мало и големо со нафта, нафтени деривати, природен гас и биодизел.

Изградбата на фабрика со капацитет од 20.000 тони биодизел на годишно ниво,за „Макпетрол“ АД значи стабилен чекор во следење на современите текови на биогоривата и обновливите извори на енергија. 1780 вработени со разновидна стручна подготовка, учествуваат во процесот на снабдувањето на пазарот. Високиот квалитет произлегува од сопствената лабораторија за контрола на квалитетот на горивата,модерниот возен парк на автоцистерни и потребната логистика. Меѓународната соработка се остварува преку филијалите во Република Грција и Република Србија.

Управувањето на Макпетрол АД- Скопје е организирано според двостепен систем. Друштвото има Надзорен одбор, составен од четири членови и Управен одбор составен од осум членови.

Макпетрол групата има свои подружници, кои во земјата се: Макпетрол Пром-Гас, Телевизија Телма, ГА-МА и Оилко додека на меѓународен план групацијата на Друштвото поседува придружни фирми во соседна Република Грција, Петролмак и во соседна Република Србија, Макпетрол - Београд.