Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Малопродажба Горива Ултра дизел Power Jet
 
 
Заложба на нашата Компанија е примена на најсовремените европски и светски достигнувања во однос на развојот на новите high performance адитиви за подобрување на квалитетот на течните горива. Тоа резултира со воведување ново висококвалитетно дизел гориво што ќе одговори на сe пософистицираните побарувања на потрошувачите и техничко-технолошките решенија на современите возила.

Новото премиум гориво Ultra Diesel Power Jet е надградба на досегашното Ultra Diesel Jet гориво. Како и досега тоа е кристално чист еуродизел добиен преку процес на филтрирање на дизел горивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени мултифункционални адитиви.

Главните придобивки од користењето на новото Ultra Diesel Power Jet гориво се:

 

Зголемен цетански број

  • Цетанскиот број ја детерминира подготвеноста на горивото за негово палење и е една од најважните карактеристики на дизел горивата. Зголемениот цетански број на Ultra Diesel Power Jet горивото обезбедува многу поефикасно согорување, што значи зголемена моќност, намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни издувни гасови.
  • Зголемена мазивност

  • Европските регулативи драстично го намалуваат нивото на сулфур во горивата, вклучувајќи го и дизел горивото. Со тоа се обезбедува намалување на штетните издувни гасови при согорувањето на дизел горивото, со истовремено намалување на несаканите корозивни ефекти кон моторот. Но, притоа, како негативен ефект од овој процес, се јавува намалената мазивна способност на горивото поради отсуство на сулфурот и сулфурните соединенија.
    Со додавањето на новиот мултифункционален адитив што содржи и подобрувач на мазивноста на горивото, се овозможува поефикасна заштита на моторот од абење, а со тоа негова помирна и потивка работа што резултира со подобрена моќност и продолжен век на траење.
  • Други придобивки

  • Намалена потрошувачка и поголема ефикасност на моторот поради детергентските својства на адитивите. Адитивите го прочистуваат и го одржуваат чист системот за вбризгување и овозможуваат подобро распрскување на горивото и поефикасно согорување.
  • Продолжен век на траење на моторот поради антикорозивните карактеристики на адитивот.
  • Намалена бучава и посмирено работење, особено при ладен старт на моторот.
  • Подобрена експлоатација во сите услови поради отсуство на микроконтаминација во горивото.
  • Намалено времетрање за полнење на горивото во возилата поради специјалната комбинација на адитиви против пенење.
  • Заштита на животната средина поради намалената емисија штетни гасови и честички.
  • Квалитетот на горивото целосно е во согласност со европскиот стандард за квалитет на дизел горивата МКС ЕН 590, како и важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М.

    Позитивните ефекти од Ultra Diesel Power Jet горивото ќе ги почувствувате без никаква доплата во однос на другите еуродизел горива присутни на нашиот пазар.

    - Заштита од корозија
     
       
    Дизел без адитиви УЛТРА дизел Power Jet
     
     
    - Отстранување на наслагите на инјекторите
     
       
    Дизел без адитиви УЛТРА дизел Power Jet
     
     
    - Подобри распрскувачки својства
     
       
    Дизел без адитиви УЛТРА дизел Power Jet
     
     

    Пронајдете услуга

    • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите УЛТРА дизел Power Jet гориво.

    Совети за возачи

    • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
     
     
     
    каталог на горива / PDF формат