Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Малопродажба Горива Ултра 100 Race Pro
 
 
Високооктанско гориво наменето за сопствениците на современи, високоперформансни и ефикасни автомобили и мотори што бараат зголемена моќност и максимални перформанси на своите возила. Специјалните, мултифункционални адитиви го гарантираат предвидениот квалитет на УЛТРА 100 Race Pro горивото. Најважните предности на новото гориво УЛТРА 100 Race Pro се:

  • Намалена потрошувачка поради детергентските својства што вршат отстранување на наслојките во системот за вбризгување. Овозможува подобро распрскување на горивото што доведува до зголемување на моќноста и ефикасноста на моторот.
  • Горивото содржи антикорозивни и антифрикциони супстанции што вршат подмачкување на компонентите на моторот и овозможуваат нивно полесно движење. Тоа резултира со зголемена моќност на моторот и, наедно, негова потивка и помирна работа.
  • Заштита на животната средина поради намалената емисија штетни гасови и честички.
  • Позитивните ефекти од УЛТРА 100 Race Pro горивото веднаш ќе ги почувствувате откако ќе го ставите во резервоарот за гориво на Вашето возило, и тоа без никаква доплата во однос на вообичаеното 98 октанско гориво на нашиот пазар.

    Квалитетот на УЛТРА 100 Race Pro горивото е целосно во согласност со европскиот стандард за квалитет на безоловните бензини МКС ЕН 228, како и важечкиот Правилник за квалитет на течните горива во Р.М.

    - Помалку талог на вентилите
     
       
    Обично гориво УЛТРА гориво
     
     
    - Заштита од корозија
     
       
    Обично гориво УЛТРА гориво
     
     

    Пронајдете услуга

    • Искористете ја можноста и преку нашата страна пронајдете каде може да наточите УЛТРА 100 Race Pro гориво.

    Совети за возачи

    • Дали возите економично? Прочитајте ги нашите совети и добијте уште повеќе од вашиот резервоар.
     
     
     
    каталог на горива / PDF формат