Почетна  Контакт  English
почетна Одржлив развој Стандарди
 
 
МАКПЕТРОЛ АД, како најголема трговска компанија за промет со нафтени деривати и гас во Република Македонија, својот систем на управување со квалитет, животна средина и безбедност на информации и системот за безбедност на храна, покрај почитувањето на општествените правила и релевантната законска регулатива, го темели на воведување на стандардите:

  • Во мај 2004 година го сертифицира Системот за управување со квалитет согласно со ISO 9001;
  • Во јуни 2007 година го сертифицира Системот за управување со животната средина согласно со ISO 14001;
  • Во август 2009 година го сертифицира Системот за управување со безбедност на храна во хотелите на Макпетрол Струга и Маврово согласно со ISO 22000 (HACCP);
  • Во мај 2014 година го сертифицира Системот за управување со безбедност на информации согласно со ISO 27001.
  • ISO сертификатите се издадени од страна на сертификационото тело Qality-Austria, што е акредитирано од IQNet -The International Certification Network.

    Секоја година во МАКПЕТРОЛ АД, сертификационото тело Qality-Austria врши проверки на интегрираниот систем за квалитет, животната средина и безбедноста на информации и системот за безбедност на храна, дали ги исполнуваат барањата на меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001, ISO 27001 и ISO 22000, а на секои три години прават сертификациони проверки.

    Во ноември 2013 година фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, успешно го имплементира и се сертифицира според системот ISCC (International Sustainability and Carbon Certification). Во фабриката за производство на биодизел ФАМЕ, сертификационите проверки од страна на SGS се вршат секоја година.

    МАКПЕТРОЛ АД со цел запазување на најдобрите практики во процесите, континуирано работи на унапредување на постојните системи и воведување нови системи.