Почетна  Контакт  English
почетна За нас Порака од претседателот
 
 
Андреја ЈосифовскиМакпетрол АД со својата развиена инфраструктура на складови и бензински станици скоро 70 години ги снабдува со нафтени деривати стопанството и граѓаните на РМ.

За таа цел континуирано се инвестира во техничкото и визуелното осовременување на своите објекти, како и во развојот на нови видови горива според европските норми за квалитет.

Ако минатиот век беше почеток на ерата на природниот гас и „Макпетрол" прв инвестираше во магистралниот гасовод, тогаш почетокот на овој век сосема му припаѓа на тандемот природен гас - биогорива. И покрај потешкотиите што вообичаено ги следат овие проекти, „Макпетрол" долгорочно го гради своето место во примената на овие енергенти.

Ваквата енергетска ориентација се одвива со практични мерки за зачувување на околината и принципите на општествена одговорност.

Сите овие активности во крајно заострени економски услови, се насочуваат кон потрошувачот што треба во крајна цел да ги процени овие напори и да ја даде довербата кон нашата компанија. Кон таа определба треба да е посветен секој вработен во Компанијата.

Тоа претставува гаранција дека „Макпетрол" и понатаму ќе биде водечка енергетска компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и, како досега, ќе остане двигател на економскиoт сектор во Република Македонија.

 

Претседател на У.О. на „Макпетрол“
Андреја Јосифовски