Почетна  Контакт  English
почетна Новости
 
Под покровителство на МАКПЕТРОЛ АД, а во организација на кугларскиот клуб „Макпетрол“, на 10 декември беше одржан традиционалниот турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“. 12.12.2016
прочитај прочитај
 
 
 
 

12.12.2016
Одржан турнирот „Гаврило Гаврилски“
 
 
 
Под покровителство на МАКПЕТРОЛ АД, а во организација на кугларскиот клуб „Макпетрол“, на 10 декември беше одржан традиционалниот турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“. На турнирот, 22-ри по ред, зедоа учество екипите на КК „Макпетрол“ - Скопје, „ЗП Спорт“ - Подбрезова од Република Словачка, „Борац“ - Бања Лука од Република Српска и екипата на „Црвена Звезда“ од Белград. Во екипното натпреварување, првото место го освои екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова од Словачка, второто место го освои екипата на „Црвена Звезда“, третото место го освои КК „Макпетрол “ и, на крај, на четвртото место се пласира екипата на „Борац“. Во поединечниот натпреварувачки дел, првото место го освои Вилмош Заварко, втор беше Даниел Тепша, додека третото место му припадна на Петер Немечек, сите тројца од екипата на „ЗП спорт“ - Подбрезова.