Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Услуги Лабораторија
 
 
Лабораторија на Макпетрол АД

Лабораторијата на „Макпетрол“ АД е независна лабораторија за тестирање на нафтените деривати и биодизел, и работи во согласност со стандардот МКС ИСО/ИЕЦ 17025.

Испитувањата ги врши во согласност со стандардни меѓународни, европски и национални методи за тестирање: ИСО, ЕН, МКС, АСТМ, ИП итн.

Раководството на Лабораторијата има јасно дефинирана политика за квалитетот, чија основна цел е да обезбеди квалитет на резултатите од лабораториските тестирања што ги исполнуваат и ги надминуваат барањата на корисниците.

Лабораторија на Макпетрол АДКвалитетот на лабораториските услуги се постигнува со контрола на квалитетот во сите аспекти на лабораториското работење, а преку учество во меѓулабораториски споредби (Proficiency Testing во иис-Холандија) се обезбедува професионална оценка за лабораториската изведба, професионалност и компетенција.

Способноста за извршување тестирања од областа на нафтени деривати и биодизел е потврдена со добивањето акредитација од страна на англиското акредитационо тело - УКАС и Институтот за акредитација на Република Македонија.

Со добивањето на акредитација од УКАС, Лабораторијата на „Макпетрол“ АД е единствена лабораторија во регионот чиишто резултати од тестирањата се меѓународно признати.

Лабораторијата има квалификуван и обучен персонал и располага со најнова опрема за тестирање што е во согласност со стандардните тест методи за нафтени деривати и биодизел, и тоа:

  • Бензин
  • Дизел
  • Биодизел
  • ЈЕТ-А1
  • Авиобензин
  • Мазут
  • ЕЛ
  • Масла
  • ТНГ
  • Испитувањата се изведуваат според стандардни и интерно развиени методи. Притоа се користат следниве инструментални техники и методи:

  • Хроматографија (ГС)
  • Спектрометрија (ФТИР, ААС, ИСП)
  • Рендгенска флуоресценција
  • УВ флуоресценција
  • Флуоресцентна индикаторска апсорпција
  • Потенциометрија
  • Кулометрија
  • Други физичко-хемиски мерења и испитувања
  • Лабораторија на Макпетрол АДНепристрасноста и незвисноста при тестирањето, како и работењето според највисоките етички стандарди, притоа запазувајќи ги основните правила на деловност во сите ситуации, одржување висок професионализам, чесност и доверба, се основните начела во работењето на Лабораторијата на „Макпетрол“ АД. Овој принцип на работење подеднакво се применува за секој корисник којшто бара услуги за тестирање.