Почетна  Контакт  English
почетна За нас Историјат
 
 
„Макпетрол“ АД основан е 1947 година како трговско претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати, под името Југопетрол-Скопје, броејќи 85 вработени и неколку бензински станици. Во 1974 година Претпријатието ја проширува својата дејност и за автотранспорт и шпедиција, и се организира како работна единица (Р.О.). Четири години подоцна (1980) фирмата го менува своето име во Р.О. Макпетрол-Скопје. Во 1989 година се регистрира како Општествено претпријатие (О.П.) за внатрешна и надворешна трговија, а наредната, 1990 година преминува во Акционерско друштво со мешовита сопственост. Пет години подоцна (1995) преминува во Акционерско друштво (А.Д.), со што завршува трансформацијата на „Макпетрол” А.Д. од мешовита сопственост во трговско друштво во приватна сопственост. На тој начин се заокружува еден процес што претставува основа за уште поуспешен раст, развој и подем во нови насоки и нови полиња.

Акционерското друштво е во целосна приватна сопственост (1998), чии акции котираат на Македонската берза.