Почетна  Контакт  English
почетна Производи HDe
 
 
 
Антифриз

Иновативен начин за приказ на информации
Дисплејот за клиентот на печатачот HDе прикажува пораки, слики и анимации со висок квалитет. Големиот дисплеј ќе го привлече вниманието на секој клиент и ќе го разубави ентериерот на продавницата или местото на продажба. Дисплејот читливо ги прикажува сите пораки, менито на печатачот и сите анимирани рекламни огласи, подготвени, програмирани и поставени на едноставен начин од страна на корисникот. Освен тоа, може да се менуваат мотивите на менито за да ги усогласите со Вашиот избор на бои. Исто така, по комплетирањето на сметката, може да повикувате анимирани рекламни огласи од апликацијата, по кој било ред.

Сигурност и брзина на печатење
Печатачот HDе е направен врз база на сигурен, високотехнолошки, екстремно робусен и брзопечатечки механизам на јапонската компанија CITIZEN. Записите може да бидат отпечатени на хартија со широчина од 57 или 80 мм. Доволни се само 5 секунди за да се отпечати сметка што содржи 100 ставки. Испечатениот запис се сече со помош на висококвалитетно сечило за хартија, што е стандардна опрема на печатачот. Ролната хартија може да се замени за неколку секунди – само ставете ја и продолжете со работа.

Печатете сè што ќе посакате
На секоја сметка може да има испечатен декоративен графички симбол - на пр. лого на компанијата, и да има баркод или 2D код што ја идентификува сметката во системот (системски број). 2D кодот, исто така, може да се употреби за да се приложат дополнителни информации кон сметката, како дополнителен опис, линк до веб-страница или некаков текстуален податок. Освен печатење сметки и извештаи (достапни во менито), печатачот може да испечати каков било текст и/или слика, во рамките дозволени со законските прописи. Целиот процес на печатење се извршува целосно графички, што гарантира одлична читливост и естетика на отпечатените записи и овозможува слободно распоредени текст и слики.

Поврзувањето е од клучна важност
HDe печатачот може да се поврзе со компјутерски систем преку кој било од традиционалните или модерните интерфејси за поврзување: двата RS232, USB или со мрежно поврзување. Преку интерфејсите се овозможува интегрирање со централните системи за собирање информации, со системите за мониторинг и со други решенија на трети компании што работат независно од системите за продажба. Поврзувањето со компјутер се одвива преку вообичаено користените протоколи за поврзување и преку новиот протокол XML. Печатачот детектира дали има вклучен кабел за поврзување со централната опрема. Може да се следи далечински работата на печатач со помош на вградениот www сервер.

Усовршено складирање и идентификација на податоци
Податоците од отпечатените записи се меморираат електронски на мала SD картичка во печатачот. Една картичка е доволна и за неколку години работа на HDе, со што значително се намалува трошокот за функционирање на уредот. Корисникот има увид во податоците меморирани во HDе. Истите може да се отпечатат на печатачот или да се обработат на стандарден компјутер. HDе овозможува точна идентификација на продадените производи, затоа што име на производ или на услуга може да има до 60 карактери и секој производ може да има дополнителен опис и сопствен баркод.

Приспособување и мултифункционалност
Печатачот HDе е високотехнолошки уред што може да се приспособи за да ги задоволи Вашите потреби. Покрај тоа, уредот има многу други различни практични функции, на пр. може да испечати каков било запис, вклучувајќи секаков текст или слика во согласност со законските прописи.

Прецизна тастатура и ефикасна батерија
Тастатурата со девет копчиња и позаднинско осветлување функционира многу прецизно и на истата се работи по интуиција. Печатачот има напојување со моќна батеријата за вонредни ситуации. Истото овозможува комуникација со надворешни уреди и побарување извештаи во случај на прекин на надворешно напојување со електрична енергија.