Почетна  Контакт  English
почетна Дејности Трговија Малопродажба Бензински станици
 
 
Бензинска станица

Мрежата од 124 бензински станици е клучниот елемент во целокупниот работен процес и дејности на Компанијата. Стратешка цел е овие продажни објекти да прераснат во привлечно место за потенцијалните клиенти како за гориво така и за други услуги.

Бензинските станици се распространети на целата територија на Република Македонија, меѓусебно поврзани во единствена информатичка мрежа. Во тек е постојан процес на модернизирање на опремата и дизајнирање на современ визуелен изглед. Подземните резервоари за гориво со двојни ѕидови опремени со електронски системи за мерење ниво и детекција на вода, како и електронските уреди за преточување овозможуваат квалитетна услуга за потрошувачите и заштита на животната средина.